Повторувањето на нештата е да не се заборави искажаното во моето пишување. Да повторам за оние од „Европскиот фронт“ – Криминален фронт, кој го водат ДУИ-СДССМ-АА, односно оние кои владеат со институциите во Македонија.
Ќе започнам со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп кој прашува: Каде се парите што ви ги дадовме?
Ова прашање не е поставено на обичниот македонски граѓанин, туку на оние од „Европскиот фронт“ на Владата на ДУИ-СДССМ-АА, институциите, и им порачува: „Одењето напред може да се постигне само ако има владеење на правото, демократијата и почитување на човековите права“.
Какви ни се институциите?
Институциите ни се ДНО-ДНА, нефункционални, криминални, корумпирани, непотистички, не владее правото и правниот систем и нема никакви реформи.
Образованието е такво каков што е министерот Јетон Шаќири – лаже суши. Не бил виновен што учениците немаат учебници. Биле виновни Бирото за развој на образованието (БРО), што нема учебници. Па, овие возвраќаат дека вината е во МОН. Несериозни, си играат мајтап. Ваква е целата Влада. Претседателката Бендевска (КСЗД), е опомената од Владата на ДУИ-СДСМ, ако поднесела кривична за министерот Јетон Шаќири, што врши отворена дискриминација кон учениците кои немаат учебници и нема еднаквост кон другите ученици, согласно законската регулатива и согласно меѓународната Конвенција за детски права, треба прво добро да размисли. Па опа, им се одземаат работните простории!!! Ова е опомена за Бендевска и сличните како неа дека ќе ги снајде најлошото. Па, Бендеска и тие во КСЗД се повлекуваат. Иста е состојбата и со Народниот правобранител, се јавуваат, па ги нема нигде. Ги опоменуваат од Владата, да размислат оти може ќе нема доволно буџетски средства за функционирање ако многу говорат! Хелсиншкиот комитет реагира селективно, зависно што ќе им каже претседателот Стево Пендаровски. А, овој пак како мисир молчи, како и Ковачевски и така по ред.
Здравството е во колапс. Скандал до скандал. Не е само онкологија. Но, ајде нешто започна, ќе видиме… се очекува проширување на истрагата… Сега е во кома целото здравство.
Министерството за економија, води „силна економска политика“. Дуизација на економијата.
Министерството за земјоделие, води „силна земјоделска, аграрна политика“. Постои формално! Најмалце се грижи за земјоделците! Каде одат субвенциите?
Најмногу што напредуваат институциите се во криминалот, корупцијата, непотизмот, и немање правен систем! Тоа е вредностиот систем по институциите. Да си корумпиран!
А, она за добро поведение на Грковска е „дрндупка“. Постои, нишај врата земај плата-корупцијата и криминалот цветаат.
Сега со донесувањето на Кривичниот законик, во Македонија ќе нема казнивост за функционерите… туку за македонската раја! Ова e трулеж на системот!
Меѓународните институции, констатираат дека Македонија по перцепција на корупцијата и криминалот се наоѓа високо на ранг листата. Мизериите што владеат во владата по институциите, агенциите, разни второстепени владини комисии си го гледаат само својот финансиски и партиски интерес, а најмалку за интересот на граѓаните и библиска Македонија.
Судирот на интереси
Зарем може да се одбрани или прикрие непотизмот и судирот на интереси, односно, конфликт на интереси и сомнеж на коруптивност, каде што сопругата на довчерашниот премиер Ковачевски, на владина седница, носат одлука фирмата во која удел има неговата сопруга да добие државно земјиште по цена од 70 денари за м2 за изградба на фотоволтаична централа и таа владина одлука ја потпишува никој друг, туку Артан Груби. На сето ова, премиерот Ковачевски не гледа судир на интереси со влијание и ќе изјави дека: „Тоа е нејзина инвестиција“. Срам од еден недостоен премиер. По примерот на овој недостоен премиер, го следи оди и Али Ахмети со неговиот син кој влегува во бизнис со струја, па неговиот внук, зет… Во бизнис со електрична енергија влегува и синот на поранешниот премиер Зоран Заев, па братот на Артан Груби со деловен простор. Посебна е приказната со Коридорот 8 и 10 кој го води Артан Груби. КРИМИНАЛ! Зарем вака го гледате европскиот фронт? Ова е криминален фронт на владеење.
И овде би го истакнал Холандскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Дир Јан Коп, кој истакнува како се практикува правниот систем во Македонија и средбите кои ги имал со првите луѓе од Врховниот суд, со кои го запознаваат со активностите на судот во кој му говорат за „исполнување на обврските од реформската агенда“, нагласуваќи дека: „судовите како носители на судската власт треба да функционираат навистина независно, самостојно, транспарентно, а во однос на граѓаните да обезбедиме високо професионално, чесно, непристрасно и ефикасно судење“.
Во правна држава така треба да биде! Но, овие македонски правосудни институции тоа не се! А, за тоа холандскиот амбасадор Н.Е. Дир Јан Коп Дир, добро ги знае состојбите во правосудството, тука е и австрискиот амбасадор, евроамбасадорот Гир и американската амбасадорка во Република Македонија.
За спроведување на реформите во судската област, она што очекуваат граѓаните, а и Холанскиот амбасадор говори: „неминовно е имплементирање и резултати од реформите, со цел враќање и надградување на довербата на граѓаните во судските институции. Тоа судството не го испорачува“.
Наместо судството да биде заштитник на интересите на граѓаните преку ефективна судска заштита на правата на граѓаните, таа е претворено во „градинка“ на децата на судиите и обвинителите, на техничкиот премиер „Ајштајн“, каде тие се егзистенцијално вдомени (со исклучок на поединци кои со учење, знаење и квалитет се дел од оваа организација) и ги уживаат благодетите на власта. И тоа со високи плати, зголемени за над 70% (посто)!
А, граѓаните во Македонија повеќе од 500.000, се на работ на социјална егзистенција и сиромаштија!
Довербата на граѓаните во правосудството не е повеќе од 1% до 2% (посто). Состојбите во македонското судство се загрижувачки.
Дали да ги коментирам состојбите кај Судскиот совет, каде, исто така, кадрите на ДУИ за да заштитат свои судии го растураат ова тело. Целта е да не се разрешат судии кои се блиски на СДСМ и ДУИ! Како што може да се види успеваат во таа цел. Никој не зборува за разрешување на конкретни судии за кои е утврдена одговорност за работењето! Оние кои имаат пари, оние кои се платени со тие пари, се тие кои што ја хранат корупцијата и со тоа конкретно ќе ја уништуваат државата.
Затоа, Холандија стави во мирување проект за Судскиот совет поради последните случувања. Станува збор за проект во вредност од милион евра за зајакнување на ефиксноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет“. Со право констатираат и укажуваат дека: „причината за тоа е влошувањето на состојбите во правосудството и дека Холандија тоа прашање го гледа како централно на кое ќе му се посвети внимание со последните случувања во Судскиот совет како преседан“.
Ова се загрижувачки состојби што се случува со третата власт, која е под диригентска палка на Извршната и Законодавната власт (ДУИ-СДСМ)! Затоа, извршната и законодавната власт (ДУИ-СДСМ) декларативно се залагаат за влез и барање под европско сонце, кога во практиката институциите се однесуваат како „диви племиња“.
Евроинтеграциските процеси
Пред неколку недели Тирана беше домаќин на состанокот во рамките на Берлинскиот процес, на кој се собраа сите европски челници ставајќи ја Албанија во улога на предводник на европските интегративни процеси во регионот.
Сето ова може да се препише на способноста на албанската дипломатија, загрижува фактот што Македонија и покрај сите отстатпки што ги направи не успеа да се наметне како некаков фактор и да издејствува сличен состанок и во Скопје, наместо да биде само место каде што европските челници ќе доаѓаат постојано да испорачуваат нови барања и да инсистираат нови отстапки.
Тука треба да се бараат причините зошто Македонија е заобиколена од вакви крупни настани, бидејќи е земја што се откажа од државните симболи, уставното име, а сега се пазари и за идентитетот, јазикот и историјата. Не може да ужива некаков кредибилитет во очите на меѓународната заедница, а уште помалку да биде предводник на другите. Ако при тоа се додаде и сервилната македонска надворешна политика, тогаш јасно е зошто македонските политичари ќе бидат само гости во околните земји, гледајќи како тие одат напред и ги остваруваат европските перспективи, додека Македонија и натаму останува уценета и заглавена.
Европската Унија со јасни пораки
Од состанокот во рамките на Берлинскиот процес, ЕУ недвосмислено порача дека-проширувањето ќе се случи во оној момент кога земјите кандидати ќе ги спроведат неопходните реформи, а во меѓувреме она што треба да прават е меѓусебно да соработуваат регионално на сите полиња.
Ова беше главна порака што ЕУ ја испрати во рамките на Берлинскиот процес, што се одржа во Тирана, јасно демонстрирајќи дека проширувањето, ако воопшто го има, како што ги имаше во досегашниот формат, ќе има тогаш кога ќе одлучи Унијата, а не кога посакуваат кандидатите.
Во меѓувреме Брисел нуди финансиска помош и пристап до единствениот европски пазар како сатисфакција за тоа што неможе да вети проширување во скоро време.
Финансиското врзување оди во иста линија со плановите за Европската економска и политичка заедница (ЕЕПЗ), со што би требало да се формира двостепено европско тело и форма на алтернатива за полноправно членство.
Како манипулираат македонските политичари
Домашните политичари (Маричиќ, Османи и други неранимајковци) поинаку ги прикажуваат работите, употребувајќи наратив од типот дека проширувањето само што не се случило и дека се гледа на хоризонтот, суровата реалност уште еднаш без никакви дипломатски ракавици и задршки ја преставува холандскиот премиер Марк Руте, чиј став и натаму останува конзистентен дека не треба да се лицитира со датуми и рокови околу проширувањето, туку секоја земја мора да се посвети исклучиво на внатрешни реформи. Со други зборови, реформските процеси, Македонија едноставно самата ќе си го резервира столчето во чекалницата на ЕУ, без оглед дали ќе направи или не уставни измени, односно дали ќе ги внесе или не Бугарите во Уставот.
Уставните измени ќе овозможат само одржување меѓувладина конференција на Македонија и ЕУ, фотографирање меѓу македонските и европските челници, убави зборови за некаква европска иднина и ново замирање на евроинтегративниот процес на подолг рок.
Причината за тоа треба да се бараат исклучиво кај домашните политички елити, кои упорно одбиваат да започнат со реформски процеси, оти знаат дека е болно и влијае врз нивниот политички рејтинг. Затоа се одложува со реформите и се владее исклучиво со популизам, само да се задоволат личните и партиски интереси, но не и државните и оние на граѓаните.
Што ќе значат пораките од Тирана за Македонија
Пораките ќе значат ново вето, овој пат европско, не затоа што не ги направиле уставните измени, туку затоа што продолжува да ги игнорираат повиците за внатрешни реформи. И натаму нема владеење на правото, политиката е навлезена во сите правосудни пори, корупцијата и криминалот дополнително се стимулираат со носењето на измени на кривичниот законик, институциите и натаму се партизирани и нефункционални, постојано се злоупотребува европското знаменце, законите не се имплементираат, здравството е во кома, образовниот систем произведува необразовани кадри, а економијата тоне се’ подлабоко во амбисот во кој ја влечат лошите држави економски политики, кои наместо развој, креираат амбиент на дополнително казнување на успешните компании. Затоа и единствено нешто што го доби земјава на состанокот во рамките на Берлинскиот процес, беѓе само охрабрувањето да остане на европскиот пат.
Пораката на поглаварот господин-господин Стефан
Ќе завршам со говорот на поглаварот на МПЦ-ОА господин-господин Стефан на чествувањето на 152 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, каде ќе рече:
„Споменот за Гоце останува и љубовта кон него не се намалува. Не треба да размислуваме само колку се гордееме со Гоце, туку и колку тој се гордее со нас, дали не’ смета за родољупци подготвени да ги бранат неговите аманети. Гоце и многубројни комити и борци се’ дадоа за слобода на татковината, а што дадовме ние? Љубовта кон татковината се потврдува само со дела, крајно време е дека Македонија не е само географија, туку библиска земја со своето име“, истакна поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.
Да, овие големи и свети зборови на поглаварот на МПЦ-ОА на господин-господин Стефан, дали ги сфатија и почуствуваа Пендаровски, Ковачевски, Маричиќ и други од власта? Сигурно не! Тие го прекршија аманетот на Гоце!
Затоа, останува на македонските граѓани на претседателските и парламентарни избори по 8 мај оваа, годинава, на овие прекршители на аманетот на Гоце, да им овозможат да се најдат на буништето на историјата. И никогаш да не се појават.
На потег се македонските граѓани!!!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес