Европскиот парламент ќе преиспитува дали Унгарија е „подобна“ да претседава со ЕУ

Европскиот парламент во четврток ќе ја преиспитува „способноста“ или „погодноста“ Унгарија следната година да претседава со 27-члената Европска унија, имајќи ги предвид споровите на оваа земја со бирократијата во Брисел поради обвинувањата за наводните проблеми со владеењето на правото, сето и во нацртот на парламентарната резолуција.

Задачата на државата којашто претседава со Европската унија е да ги планира и претседава со состаноците на министрите по подготвителните тела на Унијата, како и да ја претставува ЕУ во односите и контактите со другите институции на ЕУ и со меѓународните организации.

Претседателството е одговорно за ангажманот и работата на законодавството на ЕУ и кора да дејствува како неутрален чесен посредник, а тоа се услови кои Унгарија, поради бројните конфликти со ЕУ, нема да успее да ги исполни, се наведува во нацрт резолуцијата во која увид имала агенцијата Reuters.

„Парламентот преиспитува на кој начин Унгарија може веродостојно да ја исполни оваа задача во 2024 година имајќи го предвид непочитувањето на правото на ЕУ и вредностите содржани во членот 2 од Договорот за Европската унија, и како може да се придржува до начелата на искрена соработка“, се наведува во нацрт-резолуцијата која треба да биде усвоена во четвртокот на 1-ви јуни.

Конечната одлука за тоа дали ќе биде изменет календарот за претседавање со Европската унија за да се одложи или целосно откаже претседавањето на Унгарија со блокот ќе ја донесат владите на другите земји членки.

Според договорот на сите влади во ЕУ од 2016 година, Унгарија би требало да претседава со Унијата меѓу јули и декември 2024 година. Календарот досега беше менуван поради придружување на нови земји членки, но уште една промена во лија заднина се проблемите на земја членка со наводно почитување на владеењето на правот, би било без преседан.

Унгарија, како и Полска, е долго во судир со челните лица и институции во ЕУ во врска со повеќе прашања, во прв ред поради суверенистичките политики кои ги спроведува владата на премиерот Виктор Орбан и особено за одбивањето на неолибералистичките политика да бидат подложни најмладите категории. Поради тоа Брисел без докази ја обвинува Будимпешта за наводни нарушувања во владеењето на правото, корупција на високо ниво, недоволна независност на правосудството, кршења на академските слободи но најмногу е критикувана за правата на ЛГБТИ организациите.

Во обидот да изврши притисок врз Будимпешта, челниците на Европската комисија и на Европската унија ги замрзнаа сумите од милијарди евра наменети за Унгарија. Владата со години преговара со Брисел за овие прашања, но постигнат е само незначителен напредок во настојувањата на ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.