Европскиот парламент ги претстави препораките за проширувањето на западен Балкан

Европскиот парламент во четвртокот го претстави нацртот на своите препораки за проширувањето на Европската унија во кој се заложи за продолжување на проширувањето и побара ЕУ веднаш да ги отвори пристапните преговори со Македонија и Албанија.

Во нацртот на препораките, за кои известувач беше хрватскиот европратеник Тонино Пицула, Европскиот парламент прокрај преговорите со Македонија и Албанија, бара и либерализација на визниот систем за граѓаните на Косово и од земјите од западен Балкан да се побара јакнење на напорите во процесуирањето на воените злосторства и рашавањето на прашањата на исчезнатите лица.

Европскиот парламент, меѓу другото, предлага да се загледа воведувањето одлучување со квалифицирано мнозинство по прашањата кои се однесуваат на пристапувањето со задржување на едногласното одлучување во Советот на Европа само за отворање и затворање на пристапните преговори.

Извештајот би требало да дојде на дневен ред во Европскиот парламент за усвојувње на пленарна седница во април.

„Со овие препораки на Европскиот парламент за западен Балкан сакаме да испратиме клучни пораки на Европскиот совет, на Европската комисија и високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика. Тоа се поддршки на самиот процес на проширувањето на ЕУ и неговото продолжување, како и дека интерната реформа на ЕУ и нејзиното проширување може и треба да се одвиваат паралелно, бидејќи не се исклучуваат меѓусебно. Покрај тоа, истакнуваме дека политичката ситуација во поедини членки на ЕУ не може да биде причина за суспендирање на целиот процес на проширувањето“, истакнал Тонино Пицула на состанокот на Комисијата за надвореши работи на ЕП, при претставувањето на нацрт препораките за проширување на ЕУ во пресрет на самитот во Загреб, според соопштениетот на кабинетот на пратеникот.

Пицула кон крајот на ланскиот ноември беше именуван за известувач на ЕП за западен Балкан, со задача да изработи сет конкретни препораки кои ќе овозможат отстранување на блокадите за продолжување на проширувањето на ЕУ. Целата де да се придонесе за отворање на преговорите со Македонија и Албанија, и давање нов залет на процесот на проширување во овој мандат на институциите на ЕУ во пресрет на самитот ЕУ – западен Балкан во Загреб на 6-ти и 7-ми мај.

Пицула истакнува дека проширувањето е една од најуспешните политики на ЕУ од нејзиното основање, оти придонесува за јакнењето на демократијата, мирот и напредокот на цела Европа.

„Веродостојната политика на проширувањето е стратешко вложување во заемната безбедност и просперитетот. Таа веродостојност е доведена во прашање со неотворањето на преговорите за пристапување со Албанија и Македионија и сметам дека таа грешка треба да се исправи, веќе во март. Новата претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лејен и високиот претставник Жозеп Борел истакнаа дека новата Комисија ќе биде геополитичка, а најдобар доказ за таквите намери би било дејствување во нашето најблиско соседство“, рекол Пицула според соопштението.

Извештајот на Пицула со препораките поддржува некои од идеите за новата надградена методологија за проширувањето која го претстави ЕК. На пример, отворањето на поглавја во „кластери“, односно групирања, за со групирање на темите и политиките да се обезбеди длабочина и квалитет на реформите. Целта е да им се овозможи на земјите кандидатки за остварување на конректни резултати со истовремено преговарање за различните поглавја.

Препораките бараат и појасни мерила за успехот и напредокот за секоја земјата кандидатка поединечно, како и континуирана поддршка во текот на процесот. Покрај тоа, се предлага дека кандидатките кои веќе ги отвориле преговорите да можат да продолжат според новата методологија, но само ако тоа самите го побараат. Станува збор во прв ред за Србија и Црна Гора.

Во соопштението се додава дека Пицула истакнал дека ЕП бара поголема улога во процесот на проширување, поради својата посветеноста за јакнење на демократијата во регионот, како и на кандидатките директно да може да им се пружи поголема поддршка и помош. Покрај годишните извештаи, Пицула истакна дека е важно како претставници на граѓаните на ЕУ, пратениците во Европскиот парламент директно да учествуваат во процесот и да помагаат во комуникациите на процесот во земјите членки.

„Очекуваме дака на самитот во Загреб низ дијалог ќе создадеме латфорам за одржливи вложувања на западен Балкан и да осигуриме континуирана поддршка за процесот на проширувањето во иднина“, го заклучил Пицула своето излагање, според соопштението.

Известувачот во неделата вечерта учествуваше на работната вечера на којашто беа присутни и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, високиот претставник за надворешна и безбедноста политика Жозен Ботел и челнците на земјите од регионот.