Европскиот парламент го потврди пратеничкиот мандат на Пучдемон

Поранешните членови на каталонската влада Карлес Пучдемон и Антони Комин, чијашто екстрадиција од Белгија ја бара Шпанија, во петокот добија акредитации во Европскиот парламент и така станаа негови пратеници.

Поранешниот претседател на владата на шпанската автономна покраина Каталонија, Каролс Пучдемон и Антони Комин кој во неа беше задолжен за здравството, престојуваат во Белгија од крајот на 2017 година откако во Барселона со другите тамошни сепаратистички функционери прогласија независна Република Каталонија. Во Шпанија се обвинети за поттикнување на населенеито на бунт, граѓанска непослушност и незаконско користење јавни пари за организирање на референдумот кој го забрани Уставниот суд во Мадрид.

Во мај на изборите за Европскиот парламент двајцата освоија пратенички места на листот на партијата за независноста на Каталонија. Меѓутоа, Европскиот парламент им ја ускрати акредитацијата па не можеа да ги преземат местата и да учествуваат на конститутивната седница. Во четвртокот, меѓутоа, Судот на Европската унија во Луксембург пресуди дека шпанскаоо правосудство требало да го пушти нивниот затворен колега Ориол Жункерас да го преземе местото во Европскиот парламент.

Жункерас, поранешен потпретседател на каталонската влада, исто така, во мај освои место во Европскиот парламент но се наоѓаше во затвор во Шпанија под истите обвиненија, па не можеше да го преземе мандатот на европратеник. Судијата во Луксембург рече дека со објавата на резултатите од изборите автоматски го стекнал пратенички имунитет, како и дека шпанското правосудство требало да дозволи заминување во Европскиот парламент.

Жункерас во октомври беше осуден на 13 години затвор. Врховниот суд во Мадрид осуди уште осумина поранешни каталонски функционери на исти и помали затворски казни. Адвокатот на Жункерас побара негово пуштање на слобода, додека шпанското државно обвинителство побара негово останување во затворот тврдејќи дека пресудата во Луксембург не се однесува на осудителната пресуда туку на претходниот период додека се наоѓал како обвинет во притвор. Шпанскиот Врховен суд следните денови ќе ја разгледа пресудата од Луксембург, па ќе се изјасни за неа.

Пучдемон и Комин во Брисел ја поздравија пресудата нан Судот на ЕУ. Пучдемон во петокот излегувајќи од Европскиот парламент за новинарите изјави: „Мораме да се бориме против моќна машинерија под влијание на шпанската држава. Европското правосудство вели дека сме европратеници, а законите треба да се почитуваат. Ова е голема победа за Европа“. Тој и Комин добија привремени акредитации кои следните десетина дена би можело да станат постојани. Кога ќе станат постојани, ќе побараат поротив нив да сее повлече европскиот налог за апсење од Шпанија.

Шпанскиот суд и натаму бара од Белгија нивна екстрадиција. Белгискиот суд претходно во декември ја одложи својата одлука до средината на февруари. Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка рече дека Шпанија ќе ги почитува одлуките на судовите.