Европскиот парламент ја подржува визната либерализација за Косово

Европскиот парламент денеска го поддржа укинувањето на визите за граѓаните на Косово за влез во ЕУ и отворање на преговорите со Советот на ЕУ за тоа прашање. Известувачот за либерализација во парламентот, Тања Фајон рече дека Косово ги исполни сите услови и побара поддршка. Прелгото го подржаа 420, а против беа 186 пратеници.

Ова не е конечно гласање, но кредибилитетот на оваа институција е во прашање. Косово ги исполни сите критериуми за визна либерализација и сега нашата работа е да ги доставиме. Истот го сторивме и во другите случаи, како Молдавија, Украина и Грузија. Ве повикувам да гласате „ЗА“, и да го пренесеме мандатот на Комитетот ЛИБЕ (за граѓански слободи), зашто жителите на Косово го заслужуваат тоа, повика Фајон.

Процесот се уште не е завршен. Сега европратеничката Фајон ќе ги води разговорите со земјите членки, а за конечната одлука треба да се изјаснат сите министри за внатрешни работи. Првично беше предвидено за визната либерализација на Косово да се гласа во октомври, но парламентарните групи побараа работата да се забрза. Првиот состанок на работната група ќе се одржи во текот на наредната недела, а процедурата ќе заврши за шест месеци.

Според, европската комисија, Косово ги исполни сите 95 услови и во јули беше предложено да се либерализира визниот режим за земјата, чии граѓани единствени во регионот не можат да патуваат без виза во земјите на Шенген зоната.

Косовските власти ја поздравија денешната одлука на ЕП. Ова е јасна порака и за другите институции кои одлучуваат во ЕУ, рече претседателот Тачи.

Тој е уверен дека граѓаните на Косово по долгиот и напорен пат за кратко време ќе бидат рамноправни со сите граѓани во европското семејство.