Европскиот ракометен шампион Вардар поразен во Нант

Откако претходно во неделата женската ракометна експедиција на Вардар беше поразена од францускиот претставник Мец, и нивните машки клупски колеги не успеаја веќе кај Нант да го обезбедат четвртфинале во Лигата на шампионите, и беа поразенси со 26:27 (12:18), но сѐ уште има големи шанси.

Ракометарите на Вардар беа речиси непрепознатливи во дуелот со Нант и во текот на целиот натпревар беа во значајна негати, но на крајот од мечот успеаја да се вратат во игра но не и да направат комплетен пресврт.

Откако во вториот дел Нант во едем момент имаше предност и од осум голови, на десетина минути пред крајот Вардар влезе во серија и негатива од седум гола ја намали со серија 6:1 и се влезе во неизвесен финиш. При резултат 26:24 за Нант судиите од Исланд имаа дискутабилна одлука покажувајќи пенал за стартот на Дибиров при обидот за цепелин на Балагер. Нервозно реагираше Раул Гонзалес, судиите покажаа две минути на клупата на „вардарци“, а Балагер го реализираше пеналот за водство на Нант од 27:24. Шишкарев веднаш возврати на спротивната страна, а потоа Штербик одбрани зицер на Балагер одржувајќи ги надежите. Следеше погрешно додавање на Македа кон Дибиров по што домаќините ја зедоа топката и си ја осигураа победата, изразена со конечни 27:26.

Гурбиндо со осум гола и Клајн со пет погодоци, заедно со голманот Димулан, беа главни играчи кај Нант, додека кај Вардар најефикасни беа Дибиров со шест гола и Циндриќ со четири погодоци.

Вардар и покрај поразот останува на првото место во групата, па за директен пласман во четвртфиналето на „црвено-црните“ доволно ќе им биде и реми на последниот меч од групната фаза, на домашен терен против Висла.