Европскиот регулатор ја казни S&P поради проблематична објава на рејтингот

Европскиот регулатор за хартии од вредност и пазарите на капитал ѝ изрече на агенцијата за процена на кредитните рејтинзи „S&P Global Ratings Europe“ парична казна од 1,1 милиони евра поради пропусти во објавување на рејтингот.

Поради пропусти во механизмот за внатрешна контрола на S&P ги објавувал рејтинзите на должничките хартии од вредност пред издавачите да ги издадат и за издавањето ги известиле пазарите, утврди европскиот регулаторот.

„Денешната постапка против S&P истакнува колку на ESMA ѝ е важно агенциите за кредитни рејтинзи да ги почитуваат обврските за правовремено известување на пазарите за рејтинзите“, изјави Верена Росс, претседателка на регулаторот ESMA.

„Објавувањето на кредитниот рејтинг пред издавањето на хартиите од вредност кои се оценуваат може да наштети на издфавачот, вложувачите и воопшто на уредното функционирање на финансиските пазари“, истакна Рос.

Во ESMA утврдиле дека S&P во периодот меѓу 5-ти јуни 2019 и 8-ми септември 2021 година прерано објавувал кредитни рејтинзи на шест издавачи, изрекувајќи ѝ за тоа на агенцијата казна од 825.000 евра.

Откриле и дека S&P во периодот од 2019 до 2021 година во шест случаи отстранил кредитен рејтинг од своите јавни платформи без објаснување, за што агенцијата е казнета со дополнителни 210.000 евра.

Агенцијата, исто така, не водела сметка за тоа информациите за еден издавач на должнички хартии од вредност кои ѝ ги доставила на ESMA за објава на европската платформа за рејтинзи (ERP) да бидат точни и ажурирани, што ѝ донело казна од уште 75.000 евра.

Од „S&P Global Ratings Europe“ може да се жали на одликата до комисиите за тужби при европските надзорни тела, соопштија од ESMA.