Европскиот регулатор ја одобри вакцината на „Moderna“

Вакцината против коронавирусот на американската компанија „Moderna“ доби во средата одобрување од европскиот регулатор и стана втор ваков препарат одобрен во Европската унија.

Откако Европската агнеција за лекови (ЕМА) даде залено светли, вакцината треба да биде одобрена уште од Европската комисија и тој конечен чекор се очекува многу скоро, за да може да започне вакцинирањето со овој препарат и да се забрза вакцинацијата на населнието во Европската унија.

Комисијата за лекови за хумана употреба (CHMP) при ЕМА, ја одобри вакцината на состанокот во средата, отккао претходниот вонреден состаник одржан во победелникот заврши без заклучок.

Според досега познатот за вакцината на „Moderna“, така по двете дози од препаратот дава заштита на организмот од најмалку 90 дена. Таа, исто како и вакцината на „Pfizer/BioNTech“ се заснова на „mRNA-1273“ новата технологијата за развој на вакцини.

Во „Moderna“ очекуваат дека вакцината ќе биде стабилна 30 дена на вообичаените температури од 2 до 8 Целзиусови степени, како и дека може да се складира до шест месеци на минус 20 Целзиусови степени. Вакцината на „Pfize/BioNTech“, пак, мора да се транспортира и да се складира на минус 70 Целзиусови степени, температура која е својствена за зимите на Арктикот. Може да се складира до пет дена на стандардна температура во ладилник или до 15 дена во термална кутија за транспорт на медицински препарати.

Меѓутоа, вакцината на „Moderna“, пак, според досега објавените е најска податоци има највисока цена од досега одобрените препарати и ќе лини 33 долари по доза.

ЕМА на 21-ви декември ја препорача вакцината против Covdi-19 која ја прозведа американската фармацевтска компанија „Pfizer“ и нејзиниот германски партнер биотехнолопката лабораторија „BioNTech“. Една седмица подоцна во ЕУ започна вакцинирањето со овој препарат, и досега го примиле стотици илјади луѓе.

Повеќе од милиони дози се дистрибуирани во Велика Британија за само еден месец, а здрвствените власти во Германија и Франција се под жестоки критики поради пребавното започнување на кампањата на вакцинирање. Холандија, пак, во средата последна во ЕУ го започна вакцинирањето против коронавирусот.