Европскиот регулатор нема да ја прифати американската одлука за безбедноста на ‘Boeing 737 Max’

Европскиот регулатор за безбедност на воздушниот сообраќај EASA објави дека нема да ја прифати одлуката на американскиот регулатор за безбеноста на проблематиочниот авион од моделот „737 Max“ на амереиканскиот производител „Boeing“, кој беше повлечен од сообраќајот по двете големи несреќи во Африка и Азија.

Од EASA додавааат дека наместо тоа, самите ќе ги тестираат споменатите модели авиони, пред тие да ја добијат дозволата да се вклучат во сообраќајот. Моделите од авионот „737 Max“ беа приземјени во март годинива по несреќите во Етиопија и Индонезија во кои вкупно загинаа 356 луѓе.

На почетокот од април EASA со писмо ја известила американската Федерална управа за цивилно воздухопловство (FAA) дека нема да го пренесува овластувањата за тестирање на авионот. Овој услов извршниот директот на EASA, Патрик Ки, во по неделникот им го открил на членовите на комисијата на Европскиот парламент за транспорт и туризам. Вториот услов е допплнителата и поширока независна анализа на нацртот“ на авионот од страна на EASA.

Во EASA, исто така, сакаат веродостојни да утврдат зошто се случиле споменатите несреќи, а бараат и адекватна обука на пилотите за пилотирање со изменетите авиони од споменатиот модел. Агенцијата, воедно, раскинува со етаблираната меѓународна практика за заемно прифаќање на регулаторните стандарди.

Цврстиот став на Европската унија претставува удар за надежите на „Boeing“ дека моделот „737 Max“ наскоро ќе се врати во сообраќаат.

Портпаролот на американскиот регулатор FAA, пак, истакна дека транспрентно ќе соработуваат со телата за цивилно воздухопловство во другите земји во процесот на анализата на софтверите на воздухоловот „Boeing 737 Max“.

„Нашиот првиот приоритет е безбедноста и не одредивме временска рамка за завршување на работите. Секоја влада самата ќе донесе одлука за враќање на авионите во сообраќајот, врз основа на детална процена на безбедноста“, рекол портпаролот.