Европскиот шампион со победа ја започна новата сезона во ракометната ЛШ

Европскиот шампион Вардар ја започна одбраната на титулата во годишениот циклус во ракометната Лига на шампиони, со гостинската победа над францускиот претставник Монпелје со 33:31.

Иако со доста изменет играчки состав од минатата сезона, како и со новиот кормилар на клупата, Вардар успеа да ја сочува традицијата и повторно да го совлада Монпелје, инаку победник на финалниот турнир од 2018-та, на негов терен и повторно на отворањето на сезоната.

Во текот на целиот натпревар ниеден од противниците на успеа да резултатски да се одлепи, се играше главно со поентирање од сигурни позиции и малку голмански интервенции. По почетното водство на Вардар, домашните ракометари го преземаа водството и го имаа до средината на полувремето, кога македонскиот претставник дојде од предност од два гола, но по серијата на Монпелје од 4:0 кога Вардар играше со играч помалки Французите заминаа на одмор со минимална предност од 17:16/

Играчите на Вардар сепак во продолжението одиграа најдобро во клучните моменти, односно во завршницата кога беа постигнати лесни голови, а противникот направи и грешки со кои му помогна на македонскиот претставник. Монпелје водеше со 29:27, но Вардар тогаш ја направи клучната серија со која стигна до предност, која искусно ја задржа во финишот. Во последната минута Монпелје успеа да намали на „минус еден“, но последните дваесетина секунди донесоа сигурна игра на нашиот тим и погодок на Дибиров за конечни 33:31 и прва победа за новиот тренерот Давид Писонеро.

Скубе со 8 и Дибиров со 6 голови беа најефикасни во редовите на Вардар.