Европскиот суд ја осуди Британија за масовно следење на комуникациите

Европскиот суд за човекови права (ECHR) ја осуди во четвртокот Велика Британија поради спроведување масовни пресретнувања на комуникациите на граѓаните, што пред повеќе години во јавноста го обелодени поранешниот соработник на американските разузнавачки агенции Едвард Сноуден.

Според судот чишто седиште е во Стразбур, споменатите пресретнувања на комуникациите и механизмите биле преземени за да се дојде до податоци од операторите и со нив е прекршен членот 10 од Европската конвенција за човекови права за „правото на слободата на изразувањето“. Ова право говори за „слободата на примањето или пренесувањето информации или без мешање на власта“.

Европскиот суд за човекови права притоа изразува „особена загриженост“ поради „отсуството на каква и да е гаранција“ кога станува збор за околностите во коишто доверливите новински информации може да бидат произволно избрани за прегледување.

Масовните пресретнување и механизмите за добивање лични податоци од оперторите во Велика Британија го прекршиле и членот 8 од Европската конвенција за право на почитување наприватниот и семејниот живот, се додава во изјавата на Судот. Во ЕCHR сметаат дека, напротив, дека механизмите за споделувањето информации со странски држави не претставува кршење на Конвенцијата.

До судот во Стразбур му се обратиле 16 подносители на барања, организации за заштита на правата на граѓаните или на човековите права, како што се на пример Big Brother Watch, Bureau of Investigative Journalism, како и истражувачки новинари. Тие оценуваат дека поради природата на нивните активности, нивните електронски комуникации и нивните податоци британските разузнавачки служби можеле да ги следат.