Европскиот суд ѝ нареди на Полска да го укине законот за пензионирање на судиите

European Court Of Justice, Luxembourg

Највисокиот суд на Европската унија одлучи во понеделникот дека Полска мора веднаш да го укине законот со кој се пензионираат принудно некои судии од националниот Врховен суд, во намерата да се стави крај на спорот меѓу Варшава и Брисел.

Долниот дом на полскиот парламемент, во кој мнозинството го имаат конзервативните струи во ноември го одобри нацрт-законот за измена на законот за Врховниот суд чиешто повлекување го нареди судот во Стразбур, оценувајќи дека го прекршува принципот на независност на судството.

Владејачката партија Правда и справедливост (PiS), којашто има апсолутно мнозинство во двата дома на парламентот за само неколку часа го одобри текстот на законот кој одговараше на барањата на Европската унија. Официјална Варшава ја брани својата реформа на правосудството истакнувајќи дека е неопходна поради справувањето со корупцијата и со мрежите наследени од комунизмот.

Судот на правдата на Европската унија (ECJ) пред кој Европската комисија во септември покрена тужба против Полска, ја принуди тамошната влада „веднаш“ да ја сопре својата реформа според којашто судиите над 65-годишна возраст мора да заминат во пензија, а такви во полскиот Врховен суд се третина од судиите, меѓи кои и неговата претседателка Малгоржата Герсдорф. Според овој суд, чиешто седиште е во Луксембург, неговата одлука беше привремена мерка и конечната одлука беше донесена во понеделникот.

Одлуката на судот во Луксембург е дел од долгата приказна за реформите на полското правосудство којашто конзервативната десно ориентирана влада ја спроведува откако во октомври 2015 година надмоќно победи на парламентарните избори. Брисел смета дека промените коишто ги воведува PiS го кршат принципот на независноста на судството и загрозувањето на владеењето на правото во Полска, поради што држава може да го загуби правото на глас во ЕУ. Со приближувањето на националните избори следната година, полската влада навестува омекнување на ставовите по многу прашања. Се очекува дека претседателот Анджеј Дуда, кој е голем приврзаник на споменатите правосудни реформи, подоцна во понеделникот вечерта ќе ги одобри измените на законот со кој се укинува одредбата за порано однесување во пензија на судиите на Врховниот суд.