Европскиот суд се стави на страната на Сорос во спорот со Унгарија

Највисокиот суд на Европската унија во вторникот пресуди дека унгарската реформа на виокото образование со која Централноевропскиот универзитет на берзанскиот шпекулант Џорџ Сорос – (CEU) бил принуден повеќето од своите активности да ги пресели надвор од земјата, ја прекршила правото не ЕУ.

Оваа пресуда доаѓа по жалбата на Европската комисија и е една од повеќето точки на спротиставување меѓу брирократите на ЕУ во Брсел и унгарската влада на Виктор Орбан. Брисел на унгарскиот премиер му забележува „трводолинијашки“ став кон миграциите и малцинствата, како и наводното ставање на медиумите, судовите и невладините организации под државна контрола. Будимпешта, пак, се залага за зачувување на своите суверени права во одбрана на националните и државни интереси.

Со реформата изгласана во унгарскиот парламент во 2017 година, универзитетите регистрирани во странство веќе не можат да работат во Унгарија доколку немаат свои универзитетски кампуси и не ги спроведуваат своите образовни програми во матичните земји, како што е примерот со CEU на Џорџ Сорос кој се јави како најпогоден од оваа мерка. Тоа Европскиот суд на правдата во вторникот го прогласи за спротивно на законите на ЕУ.

„Условите кои Унгарија ги постави за институциите од високото образование за работа на својата територија не се компатибилни со законите на ЕУ“, соопшти судот.

По мерка CEU, чија активност е насочена на земјите од регионот на Балканот и источна Европа, своите програми ги пресели надвор од Унгарија по долгата правна битка меѓу Сорос, унгарски Евреин обвинуван и за воено профитерство, кој користејќи го своето богатство стекнато со шпекулативни активности на берзите ги финансира невладините организации кои ги промовираат неолибералните ставови, од една страна, и владата на Орбан од друга страна.

Судот на ЕУ одлучи и дека дел од реформите со кои на универзитетите со седиште надвор од ЕУ им се дозволува делување во Унгарија само ако имаат билатерален договор со Будимпешта ја кршат Повелбата за темелните права на ЕУ со којашто се штитат академиските слободи и слободата на работењето. Реформата ги нарушува и обврските кои Унгарија ги преземала како членка на Светската трговска органзиација (СТО), заклучува судот, иако тоа не е во неговиот делокруг.

Во април 2017 година на седницата на Европскиот парламент, унгарскиот премиер Виктор Орбан ги отфрли како неосновани обвинувањата дека со новиот закон за високо образование сака да го затвори CEU и го обвини Сорос дека со финансиските шпекулации ги уништил животите на милиони луѓе.

Организациите што ги финансира Сорос се јавуваат како критичари и организатори на бунтови и протести против сите десни влади на Балканот и во источна Европа, како и во Русија. А нивните дејствувања во западна Европа, освен во САД каде што истапуваат против републиканскиот претседател Доналд Трамп, се премолчно и исклучени. Десните влади го обвинуваат Сорос, повикувајќи се на неговите изјави во медиумите во прв ред, за промовирање и финансирање на масовната илегална миграција која ќе ја промени етно-културолошката слика во Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.