Европскиот суд за човекови права бара од Москва да ја суспендира одлуката за распуштање на организацијата Меморијал

Европскиот суд за човекови права денеска побара од Москва да ја „суспендира“ одлуката за распуштање на Меморијал, главната организација за одбрана на основните човекови права во Русија, соопштија судски извори.

Судот, на кој Меморијал му се обрати по принцип на итност, ја повика руската Влада да ја суспендира таа одлука на период колку што е потребно за тој суд да ја разгледа жалбата на невладината организација.

– Судот одлучи да и укаже на руската Влада дека во интерес на странките и доброто водење на постапката покрената пред трибуналот, треба да се суспендира спроведувањето на одлуките за распуштање на организацијата, која ја поднела жалбата, соопшти судот со седиште во Стразбур.

Центарот за човекови права и неговата матична куќа Меморијал поднесоа жалба до Европскиот суд за човекови права, повикувајќи се на член 39 од неговите прописи. Според тој член, на Судот му е дозволено да им наложи времени мерки на земјите-членки на Советот на Европа, вклучително и Русија, кога апликантите се изложени на „реален ризик од непоправлива штета“.

Лудо слабеење! Шолја наутро и навечер веднаш ги решава вишокот килограми!

Рускиот суд денеска наложи распуштање и на Центарот за човекови права, еден ден откако донесе одлука за распуштање на невладината организација Меморијал. Таквите одлуки предизвикаа меѓународни критики