Европскиот суд за човекови права пресуди во полза на државата Чешка за задолжително вакцинирање на децата

Европскиот суд за човекови права го прифати ставот на Чешка за задолжително вакцинирање на децата, се наведува во историската пресуда објавена во четвртокот која ги отфрла тужбите на родителите за кршење на нивните родителски права, која наиде на поздравување во неолиберланите медиуми и нејзини претставување дека пресудата значи дека „задолжителната вакцинација е легална и дека можеби е потребна во демократските општества“, како што толкуваше DW во сопственост на фондацијата на берзанскиот шпекулант Џорџ Сорос.

Станува збор за прва пресуда на Европскиот суд за човекови права по тужба за задолжителното вакцинирање на децата од детски болести и на неа не е можно да се поднесува жалба. Тоа се толкува како одлука којашто е во спротивност со човековите и родителски права.

Покрај тоа, симптоматично е што Европскиот суд сега ја носи оваа одлука по тужби поднесени уште пред повеќе од шест години од почетокот на пандемијата на Covid-19, во периодот од 2013 до 2015 година, но сега се очекува тие да бидат актуелизирани доколку се покрене дискусијата за вакцинирањето на децата против коронавирусот и покрај недостигот од релевантни научни факти за безнедноста и ефикасноста на вакцините направени во незапаметено кус рок од избувнувањето на пандемијата.

Чешките смејства пред осум години се жалеа до Европскиот суд за човекови права на одлуките на националните судови, бидејќи запишувањето на децата во подготвителното одделение за основно училиште било условено со вакцинирање или биле парично казнувани бодејќи одбиле да ги вакцинирааат свотие деца против детски болести.

Европскиот суд во својата пресуда наведува дека „немало кршење“ на Европската конвенција за човекови права.

„Судот утврди дека мерките, на кои се жалеа тужителите, а кои се проценувани во национален контекст, се урамнотежени со целите на чешката држава, односно со заштитата од болести кои претставуваат голема загроза за човековото право“, наведува Европскиот суд за човекови права.

Според чешкиот закон, децата мораат да бидат вакцинирани против девет општо познати болести, како што се детска парализа, хепатитис Б, тетанус, сипаници, голема кашлица, иако повеќето од овие билести се сметаат за искоренети, освен во случај на едиицнски оправдани причини.

Чешките власти спроведувале политија на „легитимни правиа за заштита на здравјето, како и права наведувајќи дека вакцинирањето ги штиоти и оние кои ја примаат вакцината и оние коишто не можат да бидат вакцинирани од медицински причини и зависат од колективниот имунитет“.

„Паричната казна изречена на подносителите на тужбата не била претеран“, наведува судот во Стразбур.

Оценува и дека „одбивањето на запишување на децата во порготвителното одделе ние за основното образование е повече превентивна, а помалку казнена мерка“.

„Пресудата ја јакне можноста за задолжително вакцинирањето во услови на сегашната пандемија на Covid-19“, изјави за AFP Николас Ерве, претставен како „правен експерт специјалист за Европскиот суд за човекови права“.

Пресудата во духот на поранешните комунистички општества го промовира „принципот на општествена солидарност која може да го оправда задолжителното вакцинирање за сите, дури и за оние кои се помалку загрозени од болеста, за да е заштитат најранливите“, додава Ервие.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.