Европските берзи пораснаа пред пораките на ECB

Цените на акциите пораснаа на европските берзи во четвртокот претпалднето, по трите дена пад, додека инвеститорите ги очекуваат пораките од редовниот состанок на Европската централна банка (ECB).

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек од тргувањето порасна за 0,4 отсто, враќајќи дел од загубите од претходните три дена. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,96 отсто, на 8.265 поени, додека франкфуртски DAX се зголеми за 0,21 отсто, на 18.476 поени, а париски CAC за 0,58 отсто, на 7.615 поени.

Инвеститорите денеска ќе се фокусираат на редовната седница на Европската централна банка. Не се очекува натамошно намалување на каматите, но на пазарот би можеле да влијаат пораките на челниците на банката за инфлацијата, пазарот на труд и другите случувања во економијата.

А на повеќето азиски берзи цените на акциите паднаа. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во истиот пресек од тргувањето како и во Европа, беше во минус за 0,4 отсто. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei потона за повеќе од 2 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,3 и 0,7 отсто. Во Шангај и Хонглконг, пак, се зголемија меѓу 0,5 и 0,7 отсто.

Така, азиските берзи го следат вчерашниот остар пад на индексот S&P 500 на Волстрит. Сепак, на најголемата светска берза индексот Dow Jones зајакна за 0,59 отсто, но S&P 500 потона за 1,39 отсто, а Nasdaq за 2,77 отсто.

Медиумите објавија дека администрацијата на претседателот Џо Бајден има намера да воведе нови, строги трговски ограничувања за извозот на чипови во Кина, предизвика остар пад на цената на акциите на производителот на чипови. Индексот на овој сектор вчера потона за речиси 7 отсто, што е негов најголем дневен пад од почетокот на 2020 година.