Европските берзи растат трет ден со ред

На европските берзи цените на акциите во петокот претпладнето пораснаа трет ден со ред, па се на пат да остварат седмични добивки, додека инвеститорите ги очекуваат новите економски показатели и деловните резултати на компаниите.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек порасна за 0,3 отсто, зајакнувајќи трет ден по ред. Лондонски FTSE индекс се зголеми за 0,77 отсто, на 8.456 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,31 отсто, на 20.720 поени, а париски CAC за 0,61 отсто, на 7.680 поени.

А на азиските берзи се тргува претпазливо. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI беше во минус од 0,2 отсто во истиот пресеек од тргувањето како и во Европа. Јапонскиот индекс Nikkei падна за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,2 и 0,3 отсто. Во Шангај и Хонгконг се зголемија за околу 0,3 отсто.

Благиот раст на кинеските берзи уследи по најавата дека бруто домашниот производ (БДП) на земјата порасна за 5,4 отсто на годишно ниво во последниот квартал од минатата година, што е повеќе од очекуваното. Така, целниот раст на кинеските власти од 5 отсто беше постигнат во текот на минатата година.

Тргувањето на другите берзи во регионот е воздржано бидејќи нема вести кои значително би ги насочиле пазарите.

Така беше вчера и на Волстрит, каде Dow Jones падна за 0,16 отсто, S&P 500 за околу 0,2 отсто, а Nasdaq индексот за 0,89 отсто.

Падот на индексот најмногу се должи на притисокот врз технолошкиот сектор. Најмногу падна цената на акцијата на „Apple“, за околу 4 отсто, по веста за остриот пад на продажбата на iPhone во Кина. Нешто поскромно паднаа цените на другите технолошки гиганти, како „Tesla“, „Nvidia“ и „Alphabet“.

Од друга страна, најмногу пораснаа цените на акциите во банкарскиот сектор бидејќи неколку од најголемите американски банки објавија подобри од очекуваните квартални деловни резултати. деловни резултати.