Европските берзи стагнираат, инфлацијата во Британија пораснала

На европските берзи во средата во раното претпладневно тргување се тргува претпазливо, додека вложувачите загрижени поради натамошниот раст на инфлацијата во Велика Британија го очекуваат извештајот за бруто домашниот производ (БДП) и невработеноста во еврозоната.

Во таквите услови STOXX 600 индексот на водечките европски акции во 9,30 часот беше во плус од 0,2 отсто, зајакнувајќи шести ден со ред.

Притоа лондонскиот индекс FTSE индекс зајакна за 0,07 отсто на 7.541 поен, парискиот CAC се зголеми за 0,10 отсто на 6.599 поени. Франкфуртскиот индекс DAX, пак, ослабе за 0,14 отсто на 13.891 индексен поен.

Вложувачите се претпазливи бидејќи утрово беше објавено дека инфлацијата во Велика Британија во јули достигнала ново највисоко нови по повеќе од 40 години, на 10,1 отсто на годишно ниво, додека еден месец претходно изнесуваше 9,4 отсто.

 

Во фокусот на инвеститорите денеска ќе биде извештајот на Eurostat за БДП-то во еврозоната во вториот годинешен квартал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.