Европските челници со овации ја испратија Меркел на нејзиниот последен самит

Самит на Европската унија без Ангела Меркел че биде како Париз без Ајфеловата кула или Рим без Ватија, изјави во петокот претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во срдечната благодарница за германската канцеларка која заминува во политичка пензија и која колегите ја испратија со овации.

Поздравувајќи ја како „споменик“, Мишел порача дека „нејзиното заминување од европската сцена нѐ трогнува но и нѐ исполнува со емоции“, пренесува агенцијата DPA.

„Крајната трезвеност и едноставност“ на Меркел биле „моќно оружје“, изјави поранешниот белгиски премиер и продолжи со пофалбите додавајќи „Вие сте и компас и светлоносец на европскиот проект“.

Зборовите на Мишел биле поздравени од челниците во ЕУ со бурен аплауз и овации испраќајќи ја Ангела Меркел на стрена на врвот во Брисел кој е нејзинито 107-ми и последен самит по 16-те години на власт.

„Се надевам дека нема да се лутите поради оваа свеченост по повод вашиот последен состанок на врвот“, ѝ се обратил Мишел и додал дека состаноците на 27-мината „без Ангела ќе бидат како Рим без Ватикна или Париз без Ајфеловата кула“.

Европа му одава признание на преговарачкиот дух на Меркел

Европските челници му дадоа признание на преговарачкиот дух на германската канцеларка на заминување, Ангела Меркел, на самитот во петокот во Брисел.

„Таа шеснаесет години ја одбележуваше Европа и ни помагаше, на сите дваесет иседум земји, да донесуваме добри одлуки со многу хуманост во тешките моменти“, изјави белтгискиот премиер Александер Де Кро.

Заминувањето на Меркел „ќе остави голема празнина, бидејќи таа долго ја извршуваше должноста и силно влијаепе врз развојот на Европската унија.. Беше миротворецот во ЕУ. Несомнено беше голема Европејка“, истакнал австрискиот канцелар Александер Шаленберг.

Канцеларката е „голема политичкарка и главен фактор на стабилизацијата во комплицираните ситуациии“, оцени литванскиот претседател Гитана Науседа истакнувајќи дека кон не чувствува „голема почит“.

„Секош изнаоѓаше начин како да нѐ обедини и да нѐ поттикне да одиме натаму. Ќе ми недостасувате. Ќе ѝ недостасувата на Европа“, рекол луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел кој осум години важашпе за нејзин блиски соработник.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, која беше министер за одбрана во една од владите на Ангела Меркел, неодамна истакна во која мера „аналитичкиот дух на оваа докторка по физика“ бил пресуден во деблокирањето на неретко бескрајните европски преговори.

Последните месеци европските челници заредија со јавните признанија и благодарности за Меркел која ја водеше Германија од 2005 година, речиси и колку канцеларот на германското обединување Хелмут Кол од 1982 до 1998 година.

Меркел на чело на најмоќната европска економија доживуваше и остри критики поради ставовите во кризата на еврозоната по крајот на светскиот финансиски пазар во 2008/2009 година, но подоцна во ЕУ беше фалена поради согласноста на заедничкото задолжување на 27-те земји членки а и поради нејзиниот одговор на мигрантската криза во 2015-та но поради што беше жестоко критикувана во својата Германија и од кога започна падот на рејтингот на нејзините конзервативци.

Европските челници велат дека канцеларката од Христијанско-демократската унија (CDU) покажала способност за прагматично управување, благодарејќи на што успеала да ги постигне потребните спогодби за да се сочува единството на ЕУ.

Германија треба да добие нов канцелар до Божик. Социјалдемократите, зелените и либералите во четвртокот објавија временска рамка за нивните преговори со цел Олаф Шолц од SPD на почетокот од декември да биде доведен на канцеларската позиција.

Заминувањето на 67-годишната Ангела Меркел поттикнува стравување од празен простор во ЕУ, која се соочува со важни одлуки: економско закрепнување по ковид-кризата, климатските промени и со потврдување на својата геополитичка улога во односот на САД и на Кина.