Европските пари наместо да помогнат во развојот на државата, се користеле за тренирање магариња и перење пари од власта

50

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, Владо Мисајловски кој се осврна на лошите политики на Владата во однос на Ковид пандемијата, злоупотребата на европските средства, како и на други политички теми кои се актуелни во изминатиот период.

Според Мисајловски, европските пари кои биле дадени на државата за спроведување на одредени проекти, ќе треба и да бидат во извештајот кој претставува транспарентност во однос на потрошените пари. Срамно е да се случуваат вакви работи, кои не само што не се синоним за една европска држава, туку се понижувачки за една земја која е претендент за членство во ЕУ.

“Во ред е што власта ја разреши Лидија Димова, да речеме дека таа постапка е во ред и за поздрав. Но, имаше неколку вакви случаи, меѓу кои случајот со Рашковски, Ден Дончев, Павле Богоевски и така натаму. За секое прекршување на законот мора да следи казна, мора да има правда во државата. Тоа е причината за протестите кои ги организираме и ќе ги организираме во иднина. Народот мора да се избори за правда во Македонија”, вели Мисајловски.

-Правдата иако беше главна парола на протестите кога СДСМ чекореше по улиците и бараше шанса да владее со земјата, сега сите сме сигурно во тоа дека правда во Македонија нема. Фатен градоначалник во шверц со цигари, друг градоначалник фатен во поткуп, еден куп функционери вмешани во криминални дејствија, а за ниту еден нема обвинение, ниту било каква казна, заврши Мисајловски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.