Европските социјалдемократи го избраа Тимерманс за водечки кандидат на изборите во ЕУ, но без големи шанси

Првиот потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс, е потврден со акламација во саботата на конгресот на Партијата на европските социјалисти (PES) одржан во португалската престолнина Лисабон за главен кандидат или ткн „шпиценкаднидат“ на пратеничката група на Социјалистите и демократите (S&D) на изборите за Европскиот парламент во мај следната година.

Франс Тимерманс остана единствен кандидат на социјалдемократите отккои од кандидатурата во ноември се откажа словачкиот социјалдемократ и потпретседател на Европската комисија, Марош Шефчович. Претходно високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политија Федерика Могерини, поранешната данска премиерка Хеле Торинг-Шмид, и комесарот на Комисијата а економски работи и финансии, Французинот Пјер Московиси, беа исто така споменувани како моќни кандидати, но на крајот остана само Тимерманс.

Педесет и седумгодишниот прв потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс, член е на холандската Лабуристичка партија (PvdA), а од 2012 до 2014 година беше министер за надворешни работи на Холандија. Како европкомесар се залагаше за подобра регулатива, меѓуинституционални односи и владеење на правото и за Повелбата на основните права, влегуваше во судири со земјите кои ги обвини дека наводно ги кршеле принципите и вредностите на ЕУ, како Унгарија, Полска и Романија, поради што евроскептиците го сметаат Тимерманс за симбол на кршењето на националните суверенитети на земјите членк.

Претседателот на PES, Бугаринот Сергеј Станишев, го нарече Тимерманс „водечки бранител на демократијата и владеењето на правото во Европската унија, познат како доследен првенец на еднаквост, праведноста и родовата рамноправност“.

Меѓутоа, некои го сметаат Тимерманс за слаб кандидат, бидејќи доаѓа од партија којашто не е на власт, а на последните избори доживеа голем пад на популарнсота, оценува европското издание на Politico. Имено, PvdA на холандските паралмњентарни избори минатата 2017 година доби само 5,7 отсто од гласовите, што донесе само девет мандати во Претставничкиот дом на холандскиот паралмент, дури 29 помалку отоколку на претходните избори.

Досега свои кандидати за челник на Европската комисија, истакнаа конзервативците од EPP, кои ќе ги претставува Манфред Вебер, Зелените кои ги кандидираат Ска Келер и Бас Ејкнут, како и Европските конзервативци и реформисти, Јан Захрадил, додека либералите се спротиставвуаа на концептот на „шпиценкандидат“, и ќе именуваат тим, составен веројатно од пет кандидати.

Моделот на водечки кандидат, познат според германскиот назив „шпиценкандиат“, првпат беше употребен во 2014 година, кога Жан-Клод Јункер беше избран за претседател на Европската комисија, како кандидат на Европската народна партија (EPP), којашто тогаш доби најголем број гласови. Според овој модел, европските политички партии ги истакнуваат своите водечки кандидати за претседател на Европската комисија, по што Европскиот совет предлага кандидат кој може да овомоќи парламентарни мнозинство.

Според предвидувањата од анализата на агенцијата Reuters, пратеничката група на социјалдемократите (S&D) во Европскиот парламент по мајските избори ќе има 141 пратеник, што ќе биде 48 мандати помалку отколку во сегашниот парламентарн состав. Оттаму, тешко е да се смета дека социјалдемократите моќе да сметаат на челното место во Европската комисија, откако по претходните избоир беше напуштена практиката првите должнисти во институциите на Унијата да бидат сразмерно разделени меѓу најсилните идеолошки фракции во паралментот. Социјалдмократите инаку бележат голем пад на популарноста во голем дел од земјите членки на Европската унија, особено во водечките земји како Франција, Германија и Италија, а на влст се само во Португалија, Словачка, Романија и Малта по избори, како и во Шпанија откако падна малцинската влада на конзервативците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.