Европските студенти со авто – стоп до Охридско езеро

Во Германија и оваа година се организира натпревар во авто – стопирање во кое учествуваат стотина млади од европските земји.  Тие тргнуваат од Вирцбург, а крајна дестинација оваа година им е Охридското езеро.

Дваесет и четиригодишната Лена Макерман од Дортмунд ова лето заедно со уште стотина млади ќе тргне на пат за Македонија. Нивните палци наредните недели ќе им послужат како некој вид патна карта.

Минатата година се патувало до Полска, а оваа година целта е токму Охрид.

Секогаш треба да се слуша сопственото претчуство

– Токму овој детал крие опасност. Родителите и познаниците секој ден раскажуваат страшни приказни за киднапирање и силување од страна на возачите, вели Лена. Меѓутоа, покрај тоа таа не сака ваквите приказни да и ја расипат радоста токму пред патувањето, кое започнува на 16 – ти август.

За да се зголеми сигурноста, за време на овие натпревари важи правилото дека никој не смее да стопира сам, треба да бидат најмалку двајца и тоа најдобро во мешано друштво.

Ваквите заеднички патувања и натпреварувања на стотина млади од Европа се одржуваат од 2008-та година.

Дојче Веле

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.