Eвропските вредности и „независното“ судство: Од специјален советник и финансиер на СДСМ, преку бордот на Телеком, до Судскиот совет

Изборот на власта да ја предложи Тања Чачаровска Илиевска за член на Судскиот совет за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е вистински доказ зошто Македонија со власта на Зоран Заев не е правна држава и зошто нема независно судство.

-Советник на Заев, финансиер на СДСМ, владин член на бордот на Телеком Тања Чачарова Илиевска, сега претставена за независен експерт и предлог за член на Судскиот совет. Ова се тие европски вредности на Заев, пишува на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Пред еден месец за челнови на Уставниот суд фаворити на власта беа Цветанка Иванова ген.сек на Собранието и Васко Талевски, адвокат и член на правната комисија во Битола, што предизвика многу негативни реакции во јавноста бидејќи не се работи за видни и истакнати правници.

Сега има обид таа партиска пракса да се пренесе и при изборот на членови во Судскиот совет. Актуелни кандидати за избор на член на Судскиот совет се Тања Чачарова Илиевска, адвокат од Скопје, Кети Петкова, адвокат од Гевгелија и Нада Симјаноска, помошник-министер за правда за меѓународна соработка.

Илиевска се јавува како „соодветна“ замена за Драги Рашковски во бордот на Телеком, откако тој беше разрешен зашто се однесувал „деспотски“. Во Телеком доаѓа од позицијата специјалната советничка на Заев за теми од ресорот правда. Таа на последните избори пред Државната изборна комисија ги образложуваше приговорите на СДСМ.

Кандидатката за член на Судскиот совет завршила гимназија во Радовиш во 1982 година с скроз одличен успех, во 1990 година дипломирала на Правниот факултет во Скопје, во 1993 година положила правосуден испит, а во 2015 година запишала постдипломски студии на Американ колеџ, насока деловно право.

Таа била член на правниот совет во СДСМ, а од таа позиција ги застапувала и приговорите на партијата.