ДОМ информира дека добива силна поддршка од Европските Зелени за претстојните парламентарните избори.
-Во пресрет на изборите копретседателите на Европските Зелени, Евелин Хојтебрук и Томас Вајтц се обратија до македонските граѓани. Европратеникот Вајтц истакна дека Европските зелени се залагаат нашата земја што побргу да ги започне пристапните преговори со ЕУ, велат од ДОМ.
Оттаму потенцираат дека Европските Зелени ја ценат посветеноста на ДОМ во борбата за заштита на животната средина и климата, за социјална правда, еднакви можности за сите.
-Тие ќе продолжат силно да го поддржуваат ДОМ и Македонија во спроведувањето на зелените политики, како премин од јаглен кон обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, борба со загадувањето, велат од ДОМ.