Европско-руска сонда на Марс почнува потрага по метан

© Фото : ESA/David Ducros

Европско-руската истражувачка вселенска сонда ЕксоМарс го заврши целосниот маневар на забавување на брзината во горните слоеви од атмосферата на Марс и е подготвена за првите мерења.

Нејзините инструменти ќе трагаат по метан во атмосферата на Црвената планета, објави во четвртокот Европската вселенска агенцја (ESA).

По речиси две цели години тимот е конечно подготвен да започне со научните истражувања, изјави шефот на мисијата во ESOC, Паоло Фери.

Во овој проект ESA соработува со руската вселенска агенција Роскосмос во потрага по траги од живот на Марс. Со сондата се управува од оперативниот центар во југозападниот германски град Дармштад.

Забавувањето при влегувањето во атмисферата на планетата којашто е 225 милиони километри оддалечена од Земјата е неверојатно тежок потфат, се наведува во соопштението на ESA.

Сондата, којашто беше лансирана од Земјата во март 2016 година и успешно започна да кружи во орбитата на Марс во октомври истата година, био требало да ја започне анализата на марсовата атмосфера кон средината на март. Таа, исто така, ќе служи и како комуникациска врска за роверот кој ЕксоМарс ќе го испрати на планетата во 2020 година.