Европското првенство во танци 2022 ќе спои 20 земји од Европа во Ист Гејт Мол!

Ако мјузиклите за џубокс доаѓаат во бранови, во саботата (21.05.2022), Скопје доживеа значителен наплив. На уникатен пристап, истовремено забавен и задоволувачки, во Ист Гејт Мол, хип хоп танчери ја покануваа публиката да креира сет-листа, по желба на секој гостин, а за тоа време тие играа. Несомнено е дека уживаа и едните и другите.

Ова вистински интерактивно искуство беше најава за Европското првенство во танци 2022 кое ќе се оддржи од 02.07.2022 (сабота) – 05.07.2022 (вторник), во Ист Гејт Мол и СЦ Јане Сандански.

Почетокот на месец јули, Скопје ќе биде центарот на Европа и место за собирање, поврзување и размена на голем број македонски и странски Хип Хоп артисти од светот на танцот, графитите и многу други улични уметности.

Во четиридневната богата агенда на Европското првенство во танци 2022, љубителите на уличната култура ќе уживаат во бројни креативни и интерактивни настани и работилници, а се очекуваат и многу изненадувања.

Запамти ги датумите и дојди на најголемиот спектакал ова лето!