Евростат: Инфлацијата во еврозоната во септември достигна 10 отсто

Инфлацијата во еврозоната се забрза во септември, достигнувајќи 10 отсто, што ново највисоко ниво од воведувањето на еврото, покажаа денеска најновите проценки на европското статистичко биро, Евростат. Во август, инфлацијата изразена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) во еврозоната изнесуваше 9,1 отсто.

Стапката на инфлација во септември претставува ново највисоко ниво од воведувањето на заедничката европска валута во 1999 година. Во споредба со август, потрошувачките цени во септември пораснале во просек за 1,3 отсто, што е повеќе од двојно повеќе од август.

Причина за зголемените цени во септември беше енергијата, што е за 40,8 отсто поскапа од истиот месец лани. Во август цената на енергијата беше поскапа за 38,6 отсто од лани.

Овој месец забрзан е растот на цените и на храната, алкохолните пијалоци и тутунските производи, на 11,8 отсто, од 10,6 отсто во август. Без промена на цените на енергијата и храната, инфлацијата изнесуваше 6,1 отсто, по августовските 5,5 отсто.