Евростат ќе го оценува македонскиот статистички систем

евростат

Во фокус на партнерското оценување ќе бидат длабинска анализа и оценка на усогласеноста на статистичкиот систем на Македонија со сите 15 принципи содржани во Кодексот за работа на европската статистика.

Целта е објективно да се оцени напредокот во усогласувањето со Кодексот, да се утврдат областите каде е потребно натамошно зајакнување, да се подобри капацитетот за високо квалитетна статистика. Се очекува да се подобри транспарентноста и кредибилитетот на статистичкиот систем и да се истакнат иновативните практики во европскиот статистички систем.

Евростат вторпат спроведува партнерско оценување на Државниот завод за статистика. Првото поедноставено оценување беше во 2010 година. Оценувањето го вршат експерти – оценувачи, активни или пензионирани статистичари со долгогодишно работно искуство во статистичка институција од ЕУ, и набљудувач од Евростат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.