Евростат: Рекордна ниска стапка на невработеност во ЕУ и еврозоната

Стапките на невработеност во ноември 2018 година биле рекордно ниски и во ЕУ и во еврозоната, соопшти Евростат.

Според податоците за ноември, стапката на невработеност во ЕУ изнесувала 6,7%, што е најниска невработеност од почетокот на месечните статистички истражувања по ова прашање. Стапката на невработеност во еврозоната изнесувала 7,9%, што е најниска од 2008 година. За споредба, во ноември 2017 година, стапката на невработеност во ЕУ изнесувала 7,3%, а во еврозоната 8,7%.

На дното на листата е Грција со 18,6% невработеност, по што следуваат Шпанија со 14,7% и Италија со 10,4%. На врвот на табелата се Чешка со 1,9%, Германија со 3,3% и Холандија со 3,5%. Бугарија има ниво на невработеност под просекот на ЕУ и еврозоната со 5,4%, како и Словачка со 6,0% и Ирска со 5,3%. Романија е рангирана на седмо место со најниска стапка на невработеност од 3,9 отсто, со што се вбројува меѓу земјите како Велика Британија и Австрија.