Еврото падна на најниска вредност во последните 11 години

Вредноста на еврото на Берзата во Токио денеска падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 11 години, како резултат на победата на Коалицијата на радикалната левица (Сириза) на вчерашните вонредни парламентарни избори во Грција, пренесе МИА.

Утрово едно евро се менува за 1,1098 долари, што е најниска вредноста на европската во однос на американската валута од септември 2003 година.

Според експертите, падот на вредноста на еврото се должи на зголемените ризици по сигурноста на европската економија по победата на Сириза во Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.