Евровизија ја надмина секоја оргија, вештерство и ритуалнa сакрилегија

Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, остро ги осуди настапите на некои учесници на Евровизија!

Захарова музичкиот натпревар одржан во шведскиот град Малме го нарече „погреб“ на Западна Европа.

–Евровизија 2024 ја надмина секоја оргија, завет или ритуална сакрилегија. Погребите во Западна Европа се одвиваат вообичаено. Без изненадувања, напиша таа на Телеграм.

Захарова објави и краток клип на кој се прикажани настапите на Ирска, Финска, Сан Марино, Украина, Холандија, Велика Британија, Шпанија, Швајцарија, Естонија и Хрватска.

Овогодинешниот победник е претставникот на Швајцарија, познат под псевдонимот Немо, кој во неизвесен финиш ѝ ја одзеде победата на Хрватска.

Евровизија е меѓународен музички натпревар кој се одржува под покровителство на Европската радиодифузна унија.

Русија поради војната во Украина е исклучена од ова натпреварување.