Американската централна банка Federal Reserve (Fed) и Европската централна банка (ECB) во следниот период ќе водат различни монетарни политики затоа што војната во Украина различно влијае врз нашите економии, порача во понеделникот челничката на ECB, Кристин Лагард.
Американски Fed минатата седмица ги подигна клучните каматни стапки и најави дека повторно ќе ги зголеми, и тоа во повеќе навреати, додека ECB седмица претходно порача дека нема да брза со подигнувањето на каматните стапки од рекордно ниските нивоа, иако планира да ги згаснува пандемиските поддршки.
„И пред војната во Украина нашите две економии беа во различни фази од ( економскиот) циклус. Од географски причини, Европа е многу поизложена (на војната) отколку САД“, изјави Лагард на финансиската конфереција.
Инфлацијата во еврозоната порасна во феврруари на 5,9 отсто, најголемото ниво откако европската статистичка агенција ги објавува податоците, поттикната од силниот раст на трошоците за енергија. ECB ја дефинира стабилноста на цената на стапката на инлфацијата од 2 отсто.
Силно растат и цената на храната, а високата инфлација тешко ќе ја погоди потрошувачката моќ на домаќинствата. ECB затоа ја намали прогнозата за растот на економијата во еврозоната, а некои функционери сметаат дека веќе сега може да се каќе дека растот ќе биде и уште послаб.
Американската економија помалку се потпира на увозот на сировините отколку европската, а и американската размена со светот ќе биде помалку погодена, па Fed и ECB мора да водат различна монетарна политика, порачува Лагард.
„Ритамот на нашата монетарна политика нема токму да бидат исти“, додаде шефицата на ECB.
Европа поради украинската војна ќе мора да ги „озеленува“ своите економии за помалку да се потпира на увозот на прородниот гас од својот најголем снабдувач Русија.
Тоа, краткорично и среднорочно ќе ја поттикнува инфлацијата, појаснува Лагард и прогнозира дека ситовремено во долгорочна перспектива всушност ќе натежнат „силите“ кои ги спуштаат цените.