Еврозоната повтроно во рецесија

Европската економија повторно е во рецесија на почетокот на новата година во услови на уште една серија блокади што оставија многу деловни активности затворени, a луѓето не беа во можност да трошат.

Во првиот квартал, сезонски прилагодениот бруто домашен производ (БДП) на еврозоната се намали за 0,6% и на Европската унија како целина за 0,4% во споредба со претходниот период. Ова го покажуваат првичните податоци на Евростат.

Ова е втор последователен квартал на пад, откако на крајот на 2020-та година економијата на валутниот блок објави контракција од 0,7%, а ЕУ од 0,5%.

Податоците за Унијата, како и одделно за нејзините најголеми економии, покажуваат колку е далеку Европа да се опорави од пандемијата среде побавната дистрибуција на вакцините. За споредба, растот на американската економија се забрзува во првите три месеци од годинава. БДП-то се прошири за 6,4% на годишно ниво по понискиот раст од 4,3% во четвртиот квартал од минатата година, според првичните податоци на Министерството за трговија во четвртокот.

И додека забрзувањето на кампањата за имунизација на Стариот континент олабавување на мерките за ограничување на многу места, главниот економист во Европската централна банка, Филип Лејн, предупреди дека враќањето не значи целосно закрепнување.

За одделни земји, податоците за најголемата европска економија, Германија, не се оптимистички. Бруто домашниот производ на земјата се намали за 1,7% на квартална основа на почетокот на годината, што е повеќе од предвидениот пад од 1,5%. Италија повторно е во рецесија, со пад на БДП-то од 0,4% во првиот квартал, по ревидираната надолна контракција од 1,8% во претходниот период. Шпанскиот БДП, исто така, забележа намалување од 0,5% на квартална основа, откако економијата успеа да остане непроменета на крајот на 2020-та година.

Раст е забележан во Франција, каде БДП-то се зголеми за 0,4% на квартална основа во трите месеци до крајот на март, лесно надминувајќи ги очекувањата за 0,1%.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.