ExxonMobil подготвува продажба на имoтот во Британија и Германија

48

Американската нафтена компанија „ExxonMobil“ наскоро ќе започнe со продажба на својата дејност со истражување и производство на нафта и гас во Велика Британија и во Германија, пишуваат американските медиуми повикувајќи се на доброизвестени извори.

Почетокот на продажбата на имотот во Велика Британија се очекува наскоро, а дури потоа американскиот нафтен гигант на потенцијалните купувачи ќе иm го понуди и имотот во Германија, наведува агенцијата Bloomberg News повикувајќи се на неименувани извори.

Медиумите со месеци пишуваат дека „ExxonMobil“ има намера да го продaде имотот во Велика Британија, со што ќе им се приклучи на другите американски нафтени компании, кои се откажаа од производството на нафта во британскиот дел од Северното Море.

„ExxonMobil“ има удел во речиси 40 активни нафтени и гасни полиња во ова област со кои управува на рамноправна основа со „Shell“. Се наведува дека нивното производство на нафта и гас во обаа област сочинува петтина од британското производство, а изнесува во просек 80.000 барели нафта дневно и 441 милион кубни метри гас. Во Германија, пак, во 2018 година „ExxonMobil“ произведувал околу 45.000 барели еквивалентна нафта дневно, според документите на кои се повикува Bloomberg.

Пред два месеца извори во банкарските кругови соопштија дека „ExxonMobil“ значително ја зголемува програмата за продажба на сопственоста ширум светот. Прогнозираа дека ќе се откажат од нафтените и гасните имоти во Азија, Европа и Африка, во вкупна вредност до 25 милијарди долари. Според процените на агенцијата Rystad Energy, „ExxonMobil“ од продажбата на имотот во Велика Британија би можел да добие најмногу до 2 милијарди американски долари.

Официјално, оваа американска компанија сака до 2021 година да ги продаде нестратешките сопствености во вредност од 15 милијарди долари. До крајот на третиот квартал минатата 2019 година достигнате е речиси третина од зацртаната сума, изјви главниот извршен директор на „ExxonMobil“, Дарен Вудс, претставувајќи ги резултатите за споменатиот период.

„ExxonMobil“ ги продава имотите коишто не ги смета за основни за неговото работење, за да се фокусира на Пермскиот басен, кој стана најголемото нафтено поле од шкрилци во светот и кое надминува 4 милијарди барели дневно а до 2025 година може да се удвои, и во Гвајана, потсетува Bloomberg News.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.