Џез и Вориорс и натаму стопроцентни во НБА

Кошаркарите на Јута Џез го задржаа стопроцентното остварување во НБА лигата од почетокот на сезоната и по својата третата победа од 122:110 над Денвер Нагетс.

Џез во второто полувреме го искористија неиграњето на најдобриот играч на Нагетс, Никола Јокиќ, кој пред крајот на првото полувреме во сударот со Руди Гобер го повредни десното колено па водството на гостинскиот тим процени дека не вреди да се ризикува со влошување на состојбата на играчот. Во првиот дел Јокиќ за само 15 минута минати во игра постигна 24 поени и до крајот остана најдобриот стрелец на својата екипа на овој меч. Вил Бартон го следеше со 21 поен за Нагетс.

Изостанувањето на Јокиќ го искористи токму Гобер кој ги предводеше домашните со 23 коша и 16 скокови, Донован Мичел додаде 22.

Стопроцентни во новата сезона останаа и Голден Стејт Вориорс кои стасаа до сооденосто меѓу победите и поразите 4-0 со гостинската победа од 106:98 оритив слабите Оклахома Сити Тандерс.

Домашните во првото полувреме имаа двоцифрена предност, но во продолжувањето гостите играа посериозно и стасаа до убедлива победа. Стефен Кари со 23 и Ентони Вигинс со 21 кош беа најдобри кај Вориорс, додека на Тандерс за првата победа сезонава не им беа доволни ниту 30-те коша на Шеј Гилџес-Александер.

Њујорк Никс ја прекинаа неверојатната серија од 15 последователни порази во дуелите со Филаделфија 76ерс совалдувајќи ги во својот „Медисон Сквер Гарден“ со 112:99.

Победата на Никс можеше да биде и поубедлива, бидејќи на средината од третата четвртина водеа и со 27 разлика (83:56). Воедначениот напад на домашните го предводеа Кемба Вокер со 19 и Еван Фурние со 18 поени, додак Тобијас Харис со 23 коша беше најдобар кај Сиксерс.

Лос Анџелес Лејкер и без Леброн Џејсм, кој не играше поради проблеми со зглобот, како гости ги совладаа Сан Антониот Спарс со 125:121 по продолженијата. Домашните кон крајот на третата четвртина имаа 13 поени предност (97:84), имаа и шут за победа на истекот на последната четвртона, но Деџонте Мареј не беше прецизен, па во последната минута од продлжението ја платија цената за испуштените шанси. Ентони Дејвис по скок во нападот погоди за 123:121, а Расел Вестбрук потоа поенитраше по продорот за конечните 125:121.

Дејвис ги предводеше Лејкерс со 35 коша и 17 скокови, Вестбрук додаде 33 поени, 10 скокови и 8 асистенции, додека кај Спарс Мареј оствари „трипл-дабл“ со 21 кош, 12 скокови и 15 асистенции, а австрскиот центар Јакоб Поелти додаде 27 коша со 14 коша.

Далас Маверикс во тексашката пресметка ги надиграа Хјустон Рокетс со 116:106. Лука Дончич ги предводеше победниците со 26 поени и 14 скоковои, Тим Хардавеј и Реџи Булок додадоа по 16, додека кај поразените најефикасни беа Ерик Гордон со 22 поени и Кристијан Вуд со 16 коша и 17 скокови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.