Џез со „тројки“ ги изрешетаа Селтикс, Клиперс го добија дербито на Лос Анџелес

Кошаркарите на Јута Џез благодарејќи на одличниот шут за „тројки“ успеаја на својот паркет да ги совладаат Бостон Селтикс со 137:130, а во градското дерби во Лос Анџелес со 119:115 Клиперс беа подобри од Лејкерс.

Џез мечот го завршија со одличните 53 отсто шут за „тројки“, односно погодија 27 од 51 обиди, а предничеа Донован Мичел, кој дуелот го заврши со 34 поени и Мајк Конли кој се запра на 29 коша. Покрај тоа, центарот Руди Гобер оствари 18 поени и 12 скокови. Оттаму на Селтикс за победата не беа доволни ниту тројцата играчи со остварување над 20 коша, Џејсено Тејтум постигна 37, Денис Шредер 26 а Ал Хорфорд 21 поен.

Јута со соодносот на победи и порези од 15-7 е цврсто на третата позиција во Запандата конференција, додека Бостон со 12-11 е на делбата на осмата позицја во Источната конференција.

Интересно беше и во Лос Анџелес каде Клиперс како гости ги добија Лејкерс со 119:115. Клучните поени за победата ги постигна Маркус Морис кој на седум секунди пред крајот погоди „тројка“ од таблата за недостижните 119:113 за Клиперс. Морис така стана и првиот стрелец на својот тим со 21 кош, додека Пол Џорџ впиша 19 поени и 8 скокови и 9 асистенции. Кај Лејкерс, во чија екипа се врати Леброн Џејмс по еден пропуштен дуел поради „протоколот за здравствена сигурност“, најдобри беа Ентони Дејвис са 27 коша и 10 скокови, и Џејмс со 23 поени и 11 скокови.

Со овој триумф Клиперс ги минаа Лејкерс на табелата, сега се шести на Западот со сооднос 12-11, додека Лејкерс се седми со 12-12.

Во пресметката на двете екипи со најдобро остварување во лигата, Голден Стејт Вориорс на својот терен со убедливи 118:96 ги совладаа Феникс Санс прекинувајќи ја така рекордната серија победи на минатогодишните финалисти на 18. Вориорс го искористија неиграњето на Девин Букер за Санс, кој го пропушти вториот меч по ред поради повреда на бутниот мускул, а до победата ги водеше Стеф Кари со 23 коша, додека Ендрју Вигинс и Гери Пејтон џуниор додадоа по 19 поени. Кај Санс најефикасен беше Деандре Ејтонб со 23 поени.

Вориорс со оваа победа го преземаа врвот на Западот и на целата лига со соодносто 19-3 пред Сан кои сега се на 19-4.

Водечкиот тим на Истокот, Бруклин Нетс потешко од очекуваното на свој терен ги совладаа Минесота Тимберволфс кои играа без својот најдобар играч Карл-Ентони Тоун поради поврда на ножниот прс. Нетс водството го преземаа дури на четири минути пред крајот на дуелот, а победата ја потврди Кевин Дјурант со кошто за 110:105 на 11 секунди пред крајот. Дјурант и беше најдобар на паркетот со 30 коша и 10 скокови, Пети Милс за Нетс додаде 23, додека најдобар кај Волфс беше Д’Анџело Расел со 21 кош и 11 коша, а по 19 додадоа Нез Рејд и Ентони Едвардс.

Бруклин со 16-6 се на врвот на Истокот, додека Минесота со соодносот 11-12 се на деветтото место на Западот.

Во „репризата“ од ланското полуфинале на Истокот, Филаделфија 76ер како гости ги надиграа Атканта Хоукс со 98:96. Важната победа за својот тим ја донесе Џоел Ембиид кој го постигна последниот кош на мечот на 42 секлунди пред крајот, додека можноста за пресврт со звукот на сирената ја пропушти Данило Галинари кој не реализираше удар за „тројка“. Ембид ги водеше Сиксерс со 28 коша и 12 скокови, Сет Кари додаде 18, додека Треј Јанг со 25 коша и 10 асистенции беше прв кај Хоукс а Галинари и Џон Колинс додадоа по 18 поени.

И Аталанта и Филаделфија сега имаа сооднос 12-11 и со Бостон го делат осмото место на Истокот.

РЕЗУЛТАТИ

Јута – Бостон 137:130
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 115:119
Далас – Њу Орлеанс 91:107
Индијана – Мајами 104:113
Вашингтон – Кливленд 101:116
Атланта – Филаделфија 96:98
Бруклин – Минесота 110:105
Хјустон – Орландо 118:116
Голден Стејт – Феникс 118:96

ТАБЕЛИ

ИСТОК

Бруклин 16 6 72,7
Чикаго 15 8 65,2
Мајами 14 9 60,9
Вашингтон 14 9 60,9
Милвоки 14 9 60,9
Кливленд 13 10 56,5
Шарлот 13 11 54,2
Филаделфија 12 11 52,2
Бостон 12 11 52,2
Атланта 12 11 52,2
Њујорк 11 11 50,0
Торонто 10 13 43,5
Индијана 9 16 36,0
Орландо 5 19 20,8
Детроит 4 18 18.2

ЗАПАД

Голден Стејт 19 3 86,4
Феникс 19 4 82,6
Јута 15 7 68,2
Мемфис 12 10 54,5
Далас 11 10 52,4
ЛА Клиперс 12 11 52.2
ЛА Лејкерс 12 12 50.0
Портланд 11 12 47,8
Минесота 11 12 47,8
Денвер 10 11 47,6
Сакраменто 9 14 39.1
Сан Антонио 7 13 35,0
Њу Орлеанс 7 18 28.0
Хјустон 6 16 27.3
Оклахома Сити 6 16 27.3

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.