Езил доби девет милиони евра бонус иако не игра седум месеци

На германскиот фудбалер со турско потекло Месут Езил, иако веќе седум месец не одигра ниеден натпревар за лондонски Арсенал, кон крајот на септември „Топчиите“ му усплатле бонус за лојалност кон клубот во износ од речиси девет милиони евра, објавија британските медиуми.

Ваквиот бенефит на 31-годишниот играч му го овозможува договорот од февруари 2018 година, според кој Езил е и најплатениот играч на Арсенал со годишна заработка од 20 милиони евра.

На Езил договорот со Арсенал му истекува во јуни следната 2021 година, а лондонскиот клуб се обидува да се ослободи од него и пред рокот. Летово понуда за поранешниот германски репрезентативец стаса од саудискиот клуб Ал Насра, но Езил веднаш ја отфрли. Тој не беше возбуден ниту од тоа што тренерот Микел Артета не го стави ниту на списокот играчи за групната фаза од натпреварувањата во Лига Европа.

Крајниот рок за пријавување на играчите за англиската Премиер лига истекува на 20-ти октомври, па можно е Езил да биде изостаен и од овој список.

Меѓутоа, англиските спортски коментатори се спменваат дека и тоа ќе го натера пред истекот на договор да го напушти Арсенал, бидејќи Езил повеќепати изјавуваше дека се чувствува убаво во Лондон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.