Ф1: Пол-позиција за Луис Хамилтон во Катар

Британскиот возач Луис Хамилтон беше одличен во квалификациите пред трката за Големата награда на Катар и со време 1.20.827 ја освои пол-позицијата, а зад себе го остави големиот ривал за шампионската титула, Макс Ферстапен.

Зад најдобрите двајца возачи оваа сезона во „најбрзиот циркус“ ќе тргне тимскиот колега на Хамилтон, а тоа е Валтери Ботас. По што следат Пјер Гасли и Фернандо Алонсо во топ-5.

Во моментов Ферстапен е лидер во генералниот пласман со 332,5 поени, односно 14 повеќе од Хамилтон.