Ф4 во СЕХА лигата ќе се одржи во Русија, домаќин Санкт Петербург

Во пресрет на завршницата од групната фаза во дивизијата Југ во СЕХА лигата, раководството на регионалното натпреварување објави дека овосезонскиот завршен турнир ќе се одржи во Русија, поточно во Санкт Петербург од 6 до 8 јуни.

На него ќе учествуваат четирите најдобри екипи по завршувањето на четвртфиналната фаза меѓу најдобрите тимови од дивизијата Исток и Југ.

Што се однесува до Истокот, во кој учествуваат руски и белоруски тимови, во плеј-офот се пласираа Чеховски Медведи, Мешков Брест, ЦСКА Минск и Перм Медведи.

Во групната фаза на дивизијата Југ остануваат уште два натпревари во групата Б меѓу Татран и Партизан на 21 и 27 март. Потоа ќе бидат објавени двојките за плеј-офот.

Веспрем и Загреб стартуваат од нокаут-фазата со оглед дека се финалисти од минатата сезона.

Во периодот од 21 до 22 април ќе се одиграат реванш натпреварите од четвртфиналето. Победниците од оваа фаза учествуваат на Ф4 турнирот кој од 6 до 8 јуни ќе се одржи во „Сибур Арената“ во Санкт Петербург.