ФА куп: 40-годишниот Вилбрахам го разочара Њукасл

Англискиот фудбалски прволигаш Нукасл веќе 13 години го нема минато четвртото коло во ФА купот, а во саботата на гости кај третолигашот Рочдејл одигра само 1:1.

Њукасл поведе со голот на Парагваецот Мигуел Алмирон во 17 минута, а израмнувањето за домашните го донесе 40-годишниот Аарон Вилбрахам во 70 минута. Бидејќи немаше победник, повторениот удел од третото коло ќе се игра на стадионот „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл.

Во дуелот на второлигашите, Бирмингем Сити на свој терен поведе преку Кроули во 4 минута, а предноста ја одржуваше до 60 минута, кога Иван Шуњиќ кој две минути претходно влезе во игра во сопствениот шеснаесетник го фаулираше Галахер за што беше веднаш исклучен. Пеналот во израмнување го претвори Армстронг, а во самата завршница и покрај играчкиот дефицит, домашните преку Бејл во 90 минута стасаа до победата.

Покрај Бирмингем Сити во саботата во 4-то коло се пласираа и премиерлигашот Барнли кој со 4:2 го совлада третолигашот Петербург, второлигашто Милвол кој дома со 3:0 го победи четвртолигашто Њупорт, а второлигашот Хал Сити со 3:2 на гости беше подобар од третологашот Ротерам.