ФА Куп: Бранителот на тутулата Арсенал мина по продолжувањата

Бранителот на тутулата во ФА Купот и тимот кој има најмногу 14 пехари во најстарото фудбалско натпреварување во светот, лондонски Арсенал се проби во 4-то коло дури по победата од 2:0 остварена во продолеженијата во дуелот со Њукасл на својот „Емирејтс“ стадион.

Регуларниот дел од натпреварот завриши без погодоци, а „Топчиите“ дури во 109 минута ја пробија одбраната на „Свраките“, а стрелец беше 20-годишниот Емил Смит-Роув. Во 117 минута Пјер-Емерик Обамејанг ги потврди пласманот на Арсенал, а неговиот по лошата серија сега ја оствари четвртата победа во низа во сите натпреварувања.

Прехотно во саботата во 4-то коло се пробија и прволигашите Евертон, Фулам и Шефилд, додека Вест Бромвич Албион е единствениот премиерлигаш кој е елиминиран.

ВБА се прости од натпреварувањето по поразот на пенали од третолигашот Блекпул. ВБА двапати губеше со 0:1 и 1:2, но и откако успеа да израмни и избори продолженија, сепак загуби по ударите од белата точка.

Лестер на гости со 4:0 го надигра Стоук Сити. „Лисиците“ досегаш никогаш не го освоиле ФА Купoт, а четири пати биле финалисти, но последниот пат далечната 1969 година.

Фулам дури во продолжетоците го мина второлигашто Квинс Парк Ренџерс, со погодоци во 103 и 108 минута.

Премиерлигашот Шефилд Јунајтед на гости со 3:2 славеше над третолигашот Бристол Роверс.

Шестолигашот Чорли е најнискорангираниот клуб кој ќе игра во 4-то коло, а до најголемиот успеј во својта 120-годишна историја дојде со победата од 2:0 над десеткуваниот од коронавирусот второлигаш Дерби Каунти предводен од легендарниот Вејн Руни.

Фудбалерите на Евертон со многу маки се пласираа во следното коло од купот откако на свој терен со пресврт и со гол во продолжетокот со 2:1 го победија второлигашот Ротерам.

Други резултати:

Лутон Таун – Рединг 1:0
Норич Сити – Ковентри Сити 2:0
Нотингем Форест – Кардиф Сити 1:0
Бореам Вуд – Милвол 0:2
Екстер Сити – Шефилд Венсдеј 0:2
Борнмут – Олдам Атлетик – 4:1
Стивенејџ – Свонси Сити 0:2
Блекбурн Роверс – Донкастер Роверс 0:1
Викомв Вандерерс – Престон Норд Енд 4:1
Барнли – Милтон Кејнс Донс 4:3, на пенали