ФА Куп: Челзи и Сити убедливи, Лидс елиминиран од четвртолигаш

Фудбалерите на Челзи и на Манчестер Сити рутински ги одработија своите натпревари во третото коло од англискиот ФА Куп, додека Лидс Јунајтед на македонскиот репрезентативец Ерџан Алиоски е елеминиран од четвртолигашот Кроули Таун.

Челзи на својот „Стенфорд Бриџ“ гои порази четвртолигашто Морекамбе со 4:0, а головите ги постигнаа Мејсон Маунт во 18, Томо Вернер во 44, Калум Хадсон-Одои во 49 и Каи Хаверц во 85 минута.

За Вернер, кој во Челзи за 50 милиони евра дојде од РБ Лајпциг, ова беше првиот погодок во Англија по 827 минута во сите натпреварувања.

Продолжување во ФА Купот избори и Манчестер Сити кој го порази второлигашот Бирмингем Сити со 3:0. Стрелци за „Граѓаните“ беа Бернардо Силва во 8 и во 15, и Фил Фоден во 33 минута.

Изненадувањето на денот го приреди четвртоклигашот Кроули Таун го дури со 3:0 го елиминираше Лидс Јунајтед. Головите за шестопласираната екипа во „Лига два“, ги постигнаа Ничоласд Царула во 50, Ешли Надесен во 53 и Џордан Танклиф во 70 минута. Така Лидс веќе трета сезона со ред испадна во оваа фаза од натпреварувањето.

 

Резултати

Бристол Сити – Портсмут 2:1
Манчесер Сити – Бирмингем Сити 3:0
Челзи – Моркамбе 4:0
Барнсли – Транмере Роверс 2:0
Кроули Таун – Лидс Јунајтед 3:0