ФА куп: Ливерпул повторно подобар во Мерсисајд

52

Во најинтересниот дуел од третото коло од англискиот ФА куп, во големото градско дербо, Ливерпул со 1:0 го совлада Евертон.

Стрелец на победничкиот погодок во градското дерби кое го носи епитетот „најмирољубивото“, беше Куртис Џонс во 71 минута, продолжувајќи го постот на Евертон на „Енфилд“ кој трае уште до 1999 година. Во тимот на „Редсите“ кој настапи со девет измени и тројца дебитанти во првиот тим, Џонс со 18 години и 340 дена, стана вториот најмлад стрелец на Ливерпул во „Мерсисајд“ дербито, откако Роби Фаулер во март 1994 година постигна гол со 18 години и 338 денови.

Вест Бромвич Албион со голот на Кенет Зохора во 32 минута избори пласман во 16-финалето од ФА купот, победувајќи го на гостувањето Чарлтон

Настапите во ова натпреварување го продолжува и Челзи кој со 2:0 го совлада Нотингем Форест. Победата на лондонскиот тим му ја донесоа Калам Хадсон-Одои во 6 и Рос Барјли во 33 минута.

Тотенхем не успеа да го победи Мидлсборо, па ќе мора да игра повторно но пред своите навивали, откако првиот меч заврши без победник 1:1. Домашните поведоа со голот на Ешли Флечер во 50 минута, а „Спарс“ израмни во 61 минута преку Лукас Моура.

Изненадување приреди Дерби Каунти победувајќи го на гостувањето премиерлигашот Кристал Палас со 1:0. Погодокот го постигна Крист Мартин во 32 минута, а за Дерби целиот меч го одигра Вејн Руни кој на „Прајд Парк“ стаса на почетокот од годинава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.