ФА Куп: Тотенхем со осмолигаш во третото коло

Бранителот на титулата во најстарото фудбалско клупско натпреварување на светот, лондонски Арсенал, ќе се соочи со Њукасл во третот коло од англискиот ФА Куп, додека најниско рангираниот клуб во жребот, осмолигашот Марин за противник го доби славниот Тотенхем.

Освојувачот на 12 титули во ова натпреварување, Манчестер Јунајтед, го пречекува второлигашот Вотфорд, додека најтежок противник доби актуелниот првак Ливерпул кој ќе ѝ гостува на Астон Вила, клубот кој во октомври во Бирмингем им го нанесе на „Редсите“ еден од најтешките порази во историјата со 7:2.

Манчестер Сити дома игра против второлигашот Бирмингем Сити, а лондонски Челзи со четвртолигашот Морекамбе.

Натпреварите од третото коло ќе се играат на 9-ти и 10-ти јануари, а оваа сезона поради пандемијата на коронавирусот нема да се игра нов натпревар во случај на нерешен резултат. Финалето традиционално ќе се игра на лондонски „Вембли“, а е закажано за 15-ти мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.