Фајзер и Модерна ги поскапеле вакцините против Ковид19 за Европа

Двајца од најголемите производители на вакцини против Kовид-19 ги зголемија цените за една четвртина во нивните најнови зделки со Европската унија, пренесува РТ на својот Инстаграм профил.⁣

Притоа се наведува дека Фајзер во моментов нуди една доза од вакцината за 19,50 евра (23 американски долари) – што е за 4 евра повисока од последниот договор што го постигна со Брисел.

Во меѓувреме, Модерна ја зголеми цената на сопствената вакцина на 21,50 евра, а тоа е скок на цената од 19 евра.

Податоците, добиени од „Фајненшл тајмс“, покажаа огромен профит што двете компании моментално го остваруваат.

АстраЗенека, третиот голем производител на вакцини, не ги продава своите удли за профит, додека Спутник В, поддржан од руската влада, допрва треба да добие одобрение од Европската агенција за лекови.⁣

„Фајзер“ моментално е на пат да оствари 33,5 милијарди долари приходи само оваа година, додека „Модерна“ се предвидува да заработи 19,2 милијарди долари.