Фајзер: Нашиот лек штити 90 отсто од хоспитализација и смртоносен исход

Компанијата Фајзер соопшти денеска дека конечната анализа покажала дека антиковид таблетата е речиси 90 отсто ефикасно во спречување на хоспитализација и смртоносни исходи кај високоризичните пациенти, а најновите лабараториски податоци покажуваат дека лекот оддржал ефикасност и против омикрој сојот.

Американскиот произведувач на лекови изјави дека минатиот месец лекот бил ефикасен околу 89 отсто во спречување на хоспитализацијата или смртоносните исходи, на основа на примероци од 1.200 луѓе, додека денешните податоци се базирани на основа на додатни 1.000 луѓе, пренесува Ројтерс.

Никој во текот на клиничкото тестирање кој го земал лекот на Фајзер не умрел, во споредба со 12-те смртоносни случаеви кај лицата кои го земале лекот плацебо.

Лекот на Фајзер се зима на секои 12 саати, пет ден по првите симптоми, а доколку се одобри, ќе се продава под името Паксловид.

Њујоршката компанија исто така ги покажа прелиминарните податоци на другиот клинички тест, кој покажува дека лечењето го смалило хоспитализирањето за околу 70 отсто кај 600 возрасни лица.

Американкста влада веќе обезбедила 10 милиони дози на лекот на Фајзер, за 5.29 милијарди долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.