Фајзер за 2022 година очекува приход од 54 милијарди долари

Американската фармацевтска компанија Фајзер деновиве ја зголеми прогнозата за приходите од продажбата на вакцината против Ковид за цела 2022 година на околу 32 милијарди долари, додавајќи дека очекува уште 22 милијарди долари од продажбата на таблети за орална употреба против коронавирус.

„Фајзер“ планира да произведе четири милијарди дози од вакцината против корона оваа година, развиена на технологијата mRNA на која се базира конкурентната вакцина „Модерна“, што е за една милијарда дози повеќе од минатата година, пренесува „Ројтерс“.

Вакцината Фајзер се користи во повеќе од 160 земји, вклучувајќи ги и САД.

Антивирусната пилула Paxlovid, произведена од оваа компанија, покажа ветувачки резултати во однос на намалените хоспитализации и смртни случаи кај пациенти со висок ризик, а Фајзер очекува да произведе најмалку 120 милиони од овие таблети оваа година.