Фабрегас е нов фудбалер на Челзи

Репрезентативецот на Шпанија, Сеск Фабрегас и официјално е најновата милионска аквизиција на лондонскиот премиерлигаш Челзи.Сега веќе поранешниот фудбалер на каталонскиот гигант Барселона, по пауза од три години повторно се враќа во англиската Премиер лига но сега ќе го носи дресот на “сините” од “Стемфорд Бриџ”.

„Прво сакам јавно да им се заблагодарам на сите кои се дел од Барселона. Поминав три прекрасни години на “Ноу Камп”. Играв за клубот од моето детство и секогаш ќе бидам горд на добиената шанса да играм за еден толку голем клуб. Да, имам чуство дека имам недовршена работа во Англија и дека сега е вистинскиот момент за кам-бек. Убаво ги разгледав сите понуди со мојата фамилија и заклучивме дека Челзи е најдобриот избор. Имаме слични фудбалски амбиции, гладни сме за успех. Челзи има фантастичен тим, фантастичен менаџер. Со нетрпение го очекувам стартот на новата сезона”, изјави Фабрегас.

Двата клуба се уште не потврдија за која парична сума е продаден односно купен репрезентативецот на Шпанија.