Фабрегас: Меси ќе биде како разјарен бик

Одличниот играч за врска на каталонскиот гигант Барселона, Сеск Фабрегас, откри дека неговиот тимски колега, Лионел Меси ќе биде како разјарен бик кога ќе се врати на фудбалскиот терен по опоравувањето од повредата на задната ложа која ја заработи на првенствениот натпревар против екипата на Бетис.

„Му беше потребен одмор затоа што веќе имаше повреда и нема друго решени освен да престане да игра. Имаше четири или пет повреди на мускулот по ред. Мораше да мирува, а сега сигурен сум дека ќе бида како бик кога ќе се врати на терен“, изјави Фабрегас за „Марка“.
Шпанските медиуми потврдија дека аргентинскиот интернационалец најверојатно ќе биде во комбинација за престојниот првенствен натпревар против екипата на Елче, кој е на програма веќе во недела.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.