Се урна фабрика во Кина, девет загинати

Девет лица загинаа, а над 30 се повредени при уривање на бабрика за обувки вчера во источна Кина.

Уривањето на фабриката се случило во градот Ванлин, во провинцијата Чеѕијан.

Од соопштението на локалните власти се дознава дека од под урнатините биле извадени 42 лица. Сите биле пренесени во болница, каде девет од нив починале.

Причината за инцидентот  се уште се истражува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.